„Рукописи 39“ - конкурс за поезија и проза за млади автори од екс-ЈУ

14.01.2016 12:10
„Рукописи 39“ - конкурс за поезија и проза за млади автори од екс-ЈУ

Домот на млади од Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори да испратат свои дела на годинешниот 39-ти по ред конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторот на екс-Ју - „Рукописи 39“.

Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2016 година, а право на учество имаат автори и авторки од 15 до 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешните екс-Ју републики и јазиците на националните малцинства.

Треба да се испратат три песни и/или три раскази; песните со должина до 2, а расказите до 3 компјутерски страници (значи, до 7.000 знаци, големина на фонт 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и мејл (во фалјот со делата) на: Дом омладине, Светог Саве 10, 26 000 Панчево, Србија (со назнака „за Рукописи 39“) или на мејлот: zbornikrukopisi@gmail.com. Не е задолжително испраќањето на двете адреси, туку по избор, на обична или електронска пошта, а предност има електронската пошта. Ги замолуваме авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на делата!

„Рукописи 39“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а кон крајот на месец мај планирана е и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора кои нема да бидат во можност да дојдат на промоцијата на Зборникот, ќе им бидат испратени примероци по пошта.