Вештачки панкреас кој ќе им помогне на дијабетичарите

15.01.2016 03:28
Вештачки панкреас кој ќе им помогне на дијабетичарите

Иако развојот на технологијата и последователниот раст на животниот стандард се заслужни за поквалитетната исхрана и подобрата здравствена заштита на пошироките општествени слоеви, наведените исто така имале и негативни ефекти врз прехрамбените навики на луѓето, и тоа првенствено преку зголеменото внесување на јаглехидрати, што резултира со дебелеење и болести на кардиоваскуларниот систем, но и експлозивно растење на бројот на дијабетичари.

Бидејќи станува збор за хронична болест, без оглед на тоа дали се работи за за тип 1 или тип 2 со сериозни компликации, дури и во случај на редовен надзор, и од кој само во САД страдаат милиони луѓе, научници од Универзитетот во Вирџинија и Универзитетот Харвард, измислиле систем на испорака на инсулин во организмот кој ја симулира работата на панкреасот. Тестирањето на наведениот систем, моментално ограничен на пациентите со дијабетес тип 1, за неколку дена ќе се зголеми и до 240 пациенти од САД и Европа.

Како и во случајот на дијабетес тип 1, имунолошкиот систем ги напаѓа и уништува бета клетките во панкреасот, одговорни за производство на инсулин, па неговиот недостаток во организмот потребно е да се регулира со внесување во организмот однадвор, со инјекција, или преку пумпа за инфузија. Но, без оглед на методот на внесување, пациентите мораат постојано да ја следат висината на гликоза во крвта, за да можат да вбризгаат соодветна доза инсулин, бидејќи во спротивно се изложуваат на сериозни компликации, неретко и со смртен исход.


Графички приказ на човечки панкреас

За да се осигура квалитетното внесување на инсулин во организмот, научниците од Универзитетот во Вирџинија, Факултетот за медицина и Харвард, Џон А. Полсон, факултетот за инженерство и применети науки, измислиле систем кој не само што реагира на моменталната состојба на организмот, туку може и да ги предвиди иднините нивоа на гликоза во крвта.

Притоа треба да се нагласи дека „вештачкиот панкреас“ не е копија на вистински орган, туку станува збор за автоматски систем за испорака на инсулин, кој го имитира однесувањето на панкреасот кај здрави личности. Системот има затворен облик, а се состои од инсулински пумпи, систем за следење на нивоата на гликоза во крвта сместен под кожата, и паметен телефон опремен со напреден софтвер.

Благодарение на континуираното следење на гликозата во организмот, но и целата низа други варијабли кои ја следат физичката активност на пациентот, почнувајќи од крвниот притисок, преку видот и количината на храна внесена од организмот, па сè до нивото на стрес, софтверот ја пресметува оптималната количина на инсулин, кој е потребно да се вбризга во крвта. 

Една од идеите на овој проект е да се регулира нивото на гликоза во крвта во рамки на прифатливи параметри, меѓу долните и горните оптимални граници, зависно од карактеристиките на конкретниот пациент, наспроти вообичаената практика на регулирање на прецизно одредено ниво.

„Најголемиот предизвик пред кој се најдовме при создавањето на вештачкиот панкреас е вродениот принцип на неодреденост во човечкото тело. Од ден на ден, од час во час, на телото влијаат различни фактори, што резултира со промена на начинот на кој инсулинот го контролира нивото на гликоза во крвта“ – велат научниците.


Паметен телефон со вграден софтвер за следење на состојбата во организмот

Физичката исцрпеност, стресот, хормоналните промени, ја нарушуваат наведената рамнотежа. За да можеме да ги контролираме споменатите елементи, потребен ни е еден долг период на испитување. Така што, ова е првото истражување со кое низ неколкумесечно набљудување на голем број испитаници, ќе можеме да ги регистрираме наведените обрасци, а потоа и да го усовршиме нашите програмски алгоритми за да се подобри квалитетот на контролата на гликозата“ – открива професор. Франсис Џ. Дојл III, декан на Харвард, Џон А. Полсон, факултетот за инженерство и применети науки.

Извор:znanost.geek.hr