Наши денови

23.04.2009 16:06
Наши денови
 
Се развило црно време на опаѓањето,
Надојдени се шлајмот, развратот и пороците,
Раширена е гнилата смрдеа на пропаѓањето,
Загинати се хероите и пророците.
Се развило црно време на опаѓањето.
 
Прогледале сите дупки и канали,
Високо издигнале сутерени,
Сите перфидни, сите проклети и мали
Станале денес наши суверени.
Прогледале сите дупки и канали.
 
Искрадени се храмовите и светиите,
Исмеани се сите доблести и честа,
Понижени се гробовите и животите,
Изгнасени и мртвите и прелеста.
Искрадени се храмовите и светиите.
 
Петвековните бунтовнички ѕвона молчат,
Заедничкиот дух и воинствениот бог менуваат алишта,
Празниците и хероите ги толчат,
Се дуеме од гревови и калишта.
Петвековните бунтовнички ѕвона молчат.
 
Од џандари направивме великаши,
Достоинствата ги поделија идиоти,
Лоповите работат богаташи,
Мрачни души се нарекоа патриоти.
Од џандари направивме великаши.
 
Својата мудрост ја фиросавме на избори,
Својата храброст на измами и бедотии,
На иднината и' ги труеме сите извори,
А поразите ги прогласивме за победи.
Својата мудрост ја фиросавме на избори.
 
Наместо светла историја и гробови,
Воскреснавме пигмеи и гревови;
Пред несреќните браќа наши, пред робови,
Затворивме и очи и џебови.
Наместо светла историја и гробови
 
Ни остана уште само правот на хартијата,
Како последен спомен на некогашните џинови;
Целата сила сега ја најдовме во партијата,
Пирот на подбивот ги зафатил сите синови.
Ни остана уште само правот на хартијата.
 
Под срамота живее нашето поколение,
Не се слушаат ни протести ни лелеци;
Под срамота живее нашето јавно мнение,
Потомците, што цицаат како пајаци.
Под срамота живее нашето поколение.
 
Деновите наши се нижат како рани,
А судбината не може да ја насети умот;
Но кога пожарот ќе ги зафати сите страни,
Каде ќе бегаме од светлината и судот!
Деновите наши се нижат како рани.
 
(напишано 1910 година)
 
 

NAŠI DANI

 
Razvilo se crno vreme opadanja,
Nabujao šljam i razvrat i poroci,
Podig'o se truli zadah propadanja,
Umrli su svi heroji i proroci.
Razvilo se crno vreme opadanja.
Progledale sve jazbine i kanali,
Na visoko podigli se sutereni,
Svi podmukli, svi prokleti i svi mali
Postali su danas naši suvereni.
Progledale sve jazbine i kanali.
Pokradeni svi hramovi i ćivoti,
Ismejane sve vrline i poštenje,
Poniženi svi grobovi i životi,
Uprljano i opelo i krštenje.
Pokradeni svi hramovi i ćivoti.
Zakovana petvekovna zvona bune,
Pobegao duh jedinstva i bog rata;
Obesismo sve praznike i tribune,
Gojimo se od grehova i od blata.
Zakovana petvekovna zvona bune.
Od pandura stvorili smo velikaše,
Dostojanstva podeliše idioti,
Lopovi nam izrađuju bogataše,
Mračne duše nazvaše se patrioti.
Od pandura stvorili smo velikaše.
Svoju mudrost rastočismo na izbore,
Svoju hrabrost na podvale i obede,
Budućnosti zatrovasmo sve izvore,
A poraze proglasismo za pobede.
Svoju mudrost rastočismo na izbore.
Mesto svetle istorije i grobova,
Vaskrsli smo sve pigmeje i repove;
Od nesrećne braće naše, od robova,
Zatvorismo svoje oči i džepove.
Mesto svetle istorije i grobova
Ostala nam još prašina na hartiji,
K'o jedina uspomena na džinove;
Sad svu slavu pronađosmo u partiji,
Pir poruge dohvatio sve sinove.
Ostala nam još prašina na hartiji.
Pod sramotom živi naše pokolenje,
Ne čuju se ni protesti ni jauci;
Pod sramotom živi naše javno mnenje,
Naraštaji, koji sišu k'o pauci.
Pod sramotom živi naše pokolenje.
Pomrčina pritisnula naše dane,
Ne vidi se jadna naša zemlja huda;
Al' kad požar poduhvati na sve strane,
Kuda ćemo od svetlosti i od suda!
Pomrčina pritisnula naše dane.
 
Vladislav Petković Dis (1910)

 

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Став
Книжевност / Живот
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото