1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 20:59
„Маж и жена“ е подвижна скулптура од челик, висока осум метри, од грузискиот скулптор Тамара Квеситадзе. Лоцирани во приморскиот град Батуми, во Грузија, двете фигури ги претставуваат ликовите на едно муслиманско момче Али, и грузиската принцеза Нино, од познатиот роман од 1937, на азербејџанскиот автор, Курбан Саид. Трагичната приказна завршува со разделба на љубовниците со инвазијата на советска Русија.
Статуите почнуваат да се движат секој ден, во 7 часот попладне, спојувајќи се за кратка прегратка, пред да заминат еден од друг и да продолжат во спротивни насоки. По десет минути движењето завршува. Скулптурата е дизајнирана во 2007 година, а инсталирана во 2010. Насловена е како романот на Саид: „Али и Нино“.
Прегратката на Али и Нино, пред да се разделат
Движењето на статуите ја симболизира трагичната разделба на Али и Нино по Советската инвазија
Мистериозниот писател Курбан Саид, романот го напишал во 1937 година
До денешен ден никој не го знае вистинскиот идентитет на авторот
Сепак, оваа моќна љубовна приказна е преведена на повеќе од триесет јазици, меѓу кои е и македонскиот. Романот „Али и Нино“ го објави Темплум пред десетина години...
Слики: Rich McClear
Извор: www.boredpanda.com