Познати уметнички дела со интригантни тајни

18.01.2016 01:55
Познати уметнички дела со интригантни тајни

„Млада девица автосодомизирана од сопствената девственост“, 1954

Зад секое големо уметничко дело се крие некаква тајна. Тоа може да биде приказна, скриена слика, или може да има двојно значење. Дознајте ги десетте најинтригантни таинствени приказни скриени зад познатите ремек-дела. Подгответе се да бидете фасцинирани!

Одмаздата на Салвадор Дали

Сликата „Фигура на прозорецот“ е создадена во 1925 година кога Дали имал само 21 година. Бидејќи Гала сè уште не била присутна во неговиот живот, неговата сестра Ана Марија му служела како извор на инспирација. Како што одминувало времето, нивната врска се влошила. Во една прилика Дали рекол: „Понекогаш плукам на портретот на сестра ми и навистина уживам во тоа.“ Ана Марија не можела да го издржи таквото ужасно однесување, особено не од нејзиниот брат.

 
„Фигура на прозорец“, 1925

Во 1949 година Ана Марија пишува за него во нејзината книга „Салвадор Дали виден низ очите на неговата сестра“. Салвадор бил крајно вознемирен во врска со тоа. Конечно, во 1954 година, Дали ја насликал „Млада девица автосодомизирана од сопствената девственост“. Позицијата на девојката, косата, пејзажот, и палетата на бои јасно резонираат со сликата „Фигура на прозорец“. Се вели дека втората слика на Дали била одмазда за книгата која ја напишала Ана Марија.

Двете лица на Данаја


Херменсон Рембрант ван Рејн, „Данаја“, 1636-1647

Во шеесетите години рентгенските зраци на „Данаја“ открија огромна тајна. Во оригиналната верзија на сликата, музата на Рембрант, Данаја, го имаше лицето на неговата сопруга, Саскиа. Сопругата на уметникот починала во 1642. По нејзината смрт тој го трансформирал лицето на Данаја (ќерка на Акризиј и Евридика) во лицето на неговата љубовница Гертје Диркс. Оригиналната Данаја била позната по нејзината афера со Зевс, па може да се претпостави дека со ова дело ја отсликал соствената афера.

Жолтата соба на Ван Гог


Винсент Ван Гог, „Спална соба во Арл“, 1888-1889.

Во 1888 година Ван Гог купил мало студио во Арл, во јужниот дел од Франција, каде што се криел од париските уметници и критичари. Тој октомври почнал да ја слика својата „Спална соба во Арл“.
Палетата на бои и целата атмосфера се важни аспекти на сликата. Неговата соба требало да симболизира удобност и безбедност.

Специјалистите за уметноста на Ван Гог имаат различни објаснувања за таквата необична шема на бои. Сликајќи го ова парче, тој земал дигиталис, што му помагало во бората против епилепсијата. Под дејство на оваа дрога многу тешко може да се согледа бојата. Тоа е причината зошто доминираат жолтата и зелената боја.

Беззабо совршенство


Леонардо да Винчи, „Мона Лиза“, 1503-1519

Мона Лиза е позната по својата совршеност и мистерија. Џозеф Е. Борковски, американски специјалист за уметност, и стоматолог со скратено работно време, укажува на тоа дека жената која била портретирана немала многу заби. Борковски успеал да најде лузни околу устата на Мона Лиза гледајќи ги зумираните слики од ремек делото.

„Мона Лиза“ носи израз заеднички за луѓето кои ги изгубиле своите предни заби. Кога одблиску ќе се погледне делот околу устата, се покажува лузна.

Свршувачката на мајорот


Павел Федотов, „Свршувачката на мајорот“, 1848

Кога „Свршувачката на мајорот“ била претставена на јавноста, публиката гласно се смеела. На оваа слика, Федотов додал многу комични, иронични елементи кои само луѓето од неговата ера би можеле да ги разберат. На пример, мајорот на сликата не го следи бонтонот од тој временски период. Тој не донел букети за невестата и нејзината мајка. Исто така, невестата облекла вечерен фустан преку ден (го знаеме тоа бидејќи сите светла во собата се изгаснати). Најверојатно младата жена носи здолниште премногу разголено за своето време. Таа изгледа засрамено и се обидува да се сокрие во својата соба.

Зошто Слободата е гола?

Фердинанд Виктор Ежен Делакроа „Слободата ги води луѓето“, 1830 

Историчарите на уметност укажуваат на тоа дека Делакроа бил инспириран да ја наслика слободата како револуционерната Ана Шарлот која по смртта на нејзиниот брат истрчала директно во барикадите и убила девет чувари. Уметникот ја претставил со голи гради. Според Делакроа, разголените градите се симбол на храброст и посветеност, како и триумф на демократијата. Голите гради покажуваат дека слободата, како и секоја храбра жена, не носи корсет.

Квадрат кој не е сосема квадратен


Казимир Малевич, „Црн квадрат“, 1915 

Излегува дека црниот квадрат на Малевич не е ниту црн, ниту квадратен. Ниту една од неговите страни не е паралелна на друга, а не се ниту рабовите на рамката. Исто така, „црната боја“ е резултат на комбинација на многу различни бои, а не само црна. Специјалистите напоменуваат дека квадратот е насликан на овој начин поради желбата да се создаде динамична, мобилна форма, а не поради невнимание на уметникот.

Стариот рибар


Чонтвари Костка Тивадар, „Стариот рибар“, 1902

Во 1902 година, унгарскиот уметник Чонтвари Koстка Тивадар го создал делото „Стариот рибар“. Сликата на прв поглед се чини обична, но има нешто многу необично во неа. Преку оваа слика, Тивадар имлицира нешто што останало незабележано, сè до периодот по неговата смрт.

Многу малку луѓе помислиле на тоа дека овој сликар вметнал огледало во средината на сликата. Сликата како целина е замислена да симболизира дека секој човек има Бог (десното рамо на рибарот), и Ѓавол (левото рамо на рибарот) во себе.

Драмата околу австриската Мона Лиза


Густав Климт „Портрет на Адел Блох Бауер I“, 1907 година

На една од најпознатите негови слики, Густав Климт ја прикажува сопругата на австрискиот магнат на фабриката за шекер, Фердинанд Блох Бауер. Цела Виена дискутирала за љубовната врска која познатиот уметник ја имал со својата муза Адел. Нејзиниот навреден маж знаел за тоа и сакал да им се одмазди на љубовниците. За да го постигне тоа, тој се одлучил за еден многу необичен метод. Нарачал да се направи портрет на Адел и го натерал Климт да направи стотици цртежи, надевајќи се дека на уметникот ќе му здосади од неговата жена.

Блох Бауер сакал овој проект да трае неколку години, па неговата сопруга да биде сведок на тоа како чувствата на Климт кон неа исчезнуваат. Блох Бауер многу добро го платил уметникот, па на крајот сè завршило според неговиот план. Делото било завршено за четири години, а љубовниците одамна се оладиле еден кон друг. Адел Блох Бауер никогаш не дознала дека нејзиниот сопруг знаел за нејзината афера со Климт.

Сликата која Гоген го вратила во живот


Пол Гоген, „Од каде доаѓаме? Што сме ние? Каде одиме?“, 1897-1898

Најпознатата слика на Гоген треба да се „чита“ од десно на лево, како кабалистичките текстови кои многу го интересирале овој уметник. Сликата е алегорија на духовниот и физичкиот човечки живот. Тој се развива од раѓањето на душата (бебето кое спие во левиот долен агол) до неизбежноста на часот на смртта (птица која држи гуштер во долниот лев агол).

Гоген на оваа слика работел во Тахити, каде што го наоѓал своето прибежиште, далеку од цивилизацијата. Неговото „бегство“, се покажало како неуспешно. Големата сиромаштија го довела до тешка депресија. Кога ја завршил сликата, која требало да стане негов духовен завет, Гоген зел кутија со арсен и отишол во планините со цел да изврши самоубиство. Уметникот не ја пресметал дозата правилно, и неговиот самоубиствен обид не бил успешен. Следното утро отишол во неговата колиба и заспал. Штом се разбудил, веднаш почувствувал заборавена жед за живот. Во 1898 година тој влегува во една нова, поуспешна фаза од неговата кариера.

Извор:brightside.me