10 различни животи во 10 исти станови во една зграда

19.01.2016 12:50
10 различни животи во 10 исти станови во една зграда

„10/1“ е проект на романскиот фотограф Богдан Грибован во кој се претставени десет идентични станови (еден над друг) во една иста зграда.

„Оваа серија се состои од десет фотографии, на секоја е претставен еднособен стан во една зграда во источен Букурешт во населба изградена 1966 година. Становите се идентични, а овде ми беше најлесно да фотографирам затоа што и самиот живеам на 10 спрат, па можев лесно да се договорам со соседите“, вели Грибован за проектот.

Тој фотографирал од ист агол, за да може без уметничко разубавување или критика да прикаже на наједноставен и најдиректен начин како различните луѓе создаваат различен микрокосмос во исто опкружување, помеѓу четири исти ѕидови.

„Овие соби може да се гледаат како психолошки мапи на оние кои живеат во нив, кои ја одразуваат нивната историја и односите со современиот миг“, вели Богдан Грибован.

Спрат 10

Спрат 9

Спрат 8

Спрат 7

Спрат 6

Спрат 5

Спрат 4

Спрат 3

Спрат 2

Спрат 1 

Извор: Penzin

ОкоБоли главаВицФото