50 години од „In Cold Blood“ на Труман Капоти

19.01.2016 16:05
50 години од „In Cold Blood“ на Труман Капоти

Труман Капоти во 1967 година, на ранчот каде што во 1959 година биле убиени четворицата членови на семејството Клатер

Книжевното ремек-дело на Капоти за убиствата во еднo малo, изолирано место во Канзас, го отвори патот за нефикционалниот роман и претставува едно напнато и вознемирувачко четиво.

ИакоТруман Капоти не го измисли нефикционалниот роман, како што тој сакал да тврди, романот In Cold Blood (објавен пред педесет години) останува иманентен книжевен споменик. Ако погледнеме наназад, влијанието на оваа книга може да се види насекаде. Почнувајќи од The Executioner’s Song на Норман Мајлер, потоа во виетнамскиот класик на Тим О'Брајан, The Things They Carried, па дури и во поновите романи како што е Quiet Dell, во кој Џејн Ен Филипс гради приказна за злосторствата и судскиот процес на сериски убиец од 1930-тите.

Раните дела на Капоти беа внимателно обликувани, ретки скапоцени верзии на мрачни готски романи, но неговата инзвонредна книга од 1957, биографијата за Марлон Брандо, The Duke in his Domain, сведочеше за неговата желба „да се направи нешто поинакво“. Бил инспириран од некоја вест во Њујорк Тајмс, известување за убиството на семејството Клатер во Холкомб, Канзас.

Првичната идеја на Капоти била да ги испита ефектите од дивјаштвото, бесмисленото убивање во едно пусто и изолирано место, но брзото апсење на Ричард Хикок и Пери Смит, променило сè. Истражувајќи ја животната приказна на Смит, Капоти пронашол вознемирувачки одгласи од сопственото минато.


Пери Смит во судницата, предводен од страна на полициските службеници, 1960 година.

Иако ја почитувал воздржаноста и објективноста, не можел да ги сокрие своите симпатии. Безволниот убиец Смит стана клучен емотивен елемент во книгата кој повлекува една речиси натприродна линија помеѓу фикцијата и нефикцијата, иако тој бил реален лик. Може да се каже дека она што ѝ го даде насловот на книгата беше ладнокрвната егзекуција на Смит, а не на убиецот на Клатерови.

И по педесет години големата книжевна вредност на романот In Cool Blood е несомнена. Оваа книга претставува изненадувачки напнато, моќно и вознемирувачко четиво, но она што ја прави незаборавна е начинот на кој го доловува плашливиот, неизречен договор меѓу набљудувачот и набљудуваниот.

Покрај идентификацијата на Капоти со Смит и Хикок, тој доаѓа до точка кога сфаќа дека егзекуцијата мора да биде извршена. Вилијам Фокнер го дефинирал основниот морал на писателот кога рекол дека тој ако треба „ќе ја ограби сопствената мајка“ за да ја заврши својата работа. Но, како и да е, кога двајца мажи, одозгора на се, мажи обвинети за убиство, ќе се здружат за да може писателот да го заврши своето ремек-дело, не е позиција во која кој било писател би сакал да се најде, без разлика дали пишува фикионални или нефикционални дела.

Извор:www.theguardian.com