Зошто мажите сакаат порнографија

21.04.2010 11:24
интернет порнографија

Научниците открија дека мажите инстинктивно сакаат да гледаат други луѓе како имаат сексуален чин. Причините за тоа ќе ги прочитате во прилогов.

Најчесто навечер, откако нивните сопруги ќе заминат на спиење, мажите поминуваат време пребарувајќи порнографски содржини на интернет. Наспроти машките тврдења дека овие ноќни навики немаат никаква врска со нивниот љубовен живот, дамите често се грижат дека нивните партнери повеќе сакаат да гледаат порничи отколку да водат љубов со нив.

Тоа е вообичаена реакција. „Често едниот партнер има зголемен интерес за порнографија, додека другиот тоа го гледа како проблем“, вели д-р Расел Стамбо, психолог и секс-терапевт од Мичиген, САД. „Но ретко кога тоа е навистина проблем. Најобемните истражувања покажуваат дека само 5% од корисниците на порно содржини имаат проблем кој сериозно влијае на нивниот секојдневен живот“.

Ова се многу добри вести, со оглед на бројот на луѓе кои гледаат порнографија. Според едно истражување од 2004, една четвртина од машките корисници на интернет посетувале страници „за возрасни“, додека само 3% од жените биле заинтересирани за нив. Само во 2006 г. порно индустријата заработила речиси 13 милијарди долари.

Мажите и порнографијата: еволутивна алка

Повеќето жени не треба да се грижат. „Што и да е тоа кое ги влече мажите кон порнографијата, ретко се работи за одраз на неговиот однос кон партнерката“, вели Лони Барбак, секс-терапевтка од Сан Франциско. „Некои жени се чувствуваат загрозено бидејќи мислат дека не се доволно секси како порно ѕвездите, но тоа нема врска со она што нивниот маж (не) го добива во кревет. Порнографијата е нешто ново за мажите. И затоа ги возбудува толку“.

Сепак, прашањето останува: Зошто толку мажи сакаат да гледаат слики на голи луѓе? Одговорот не е лесен. Возбудата предизвикана со порнографија е поврзана со многу делови од мозокот. Една нова теорија вели дека невроните-огледала – мозочни клетки кои реагираат на ист начин кога некоја активност се набљудува како и кога се практикува – играат важна улога во засилување на возбудата.

Но и кога знаеме што предизвикуваме со гледање порнографија, и понатаму не знаеме зошто нашиот мозок е толку попален.

Д-р Стамбо се повикува на еволуцијата. „Машкиот мозок“, вели тој, “е создаден за лесно да се возбудува, така што, мажите се подготвени на секс во речиси секоја прилика – што е поврзано со размножувањето на видот. Бидејќи интернет порнографијата е на дофат на рацете, можностите за активирање на невроните-огледала се сеприсутни.“

Кога жените ќе сфатат дека порнографијата не претставува никаква закана за нив и кога мажите помалку би се срамеле од своите навики, многу парови ќе имаат порастоварен сексуален живот и, воопшто, врска. Можеби тоа ќе доведе и до „зачинети“ активности во креветот, вклучувајќи разновидни секс-играчки, секси облека и разни експерименти.

„Порнографијата никогаш не е проблем“, вели д-р Стамбо. „Поголем проблем е начинот на комуникација и начинот на кој партнерите си се доверуваат еден на друг.“

Впрочем, порнографијата може да биде и позитивна за вашата врска. Гледањето заедно филмови за возрасни нуди безгранични можности. Мажите се лесни за удоволување, па така, најдобро е да се одбере филм кој ќе и’ се допадне на партнерката. Она што е добро за неа, најверојатно ќе му се допадне и нему.

Меѓутоа, ако трошите премногу време или пари на порнографија, тоа може да биде показател на некој поголем проблем како што се лоши односи со брачниот партнер, потиштеност или губење на работното место.

Извор: Intimate Medicine

ОкоБоли главаВицФото