1019 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Сре, 17.06.2026 23:59

Скопје, 20 јануари 2016
Околу седумстотини македонски љубители на ракометот кои истовремено имаа и проблеми со кардиоваксуларни заболувања, поднесоа заедничка тужба против македонската ракометна репрезентација, по синоќешниот нерешен резултат со Србија.
Тие сметаат дека е недозволиво Македонија да се пласира во втората рунда од Европското првенство во ракомет на ваков начин.
„Мечот со Полска некако го издржавме, но ова со Србија ја прелеа чашата. Во иднина, бараме натпреварите да се добиваат или губат барем со 2-3 голови разлика“, стои во соопштението на срцевите болни.
Тие бараат РФМ да им исплати отштета од 100.000 евра по човек, но оставија простор за повлекување на тужбата, доколку Македонија ја помина групата со Хрватска, Белорусија и Норвешка.
Македонија - СрбијаГооооооол !!!
Posted by Dejan Manaskov on Tuesday, January 19, 2016