Криминалната криза се решава со избори, а не со судења на криминалците?!

21.01.2016 03:15
Криминалната криза се решава со избори, а не со судења на криминалците?!

Тие што го повикуваат и притискаат СДСМ да се согласи на не-фер и неслободни избори на 24 април се обраќаат на погрешна адреса. Не е само СДСМ за бојкот, туку и десетина други партии, стотици граѓански организации и неколку стотици илјади граѓани.

Повикајте нè нас, граѓаните, оти ние сме носители на суверенитетот на Република Македонија. Ние одлучуваме дали ќе одиме на избори и за кого ќе гласаме.

Обидете се да нè убедите нас дека криминалната криза се решава со избори, а не со судења на криминалците. Дајте аргументи, ако ги имате, и убедете нè дека е исправно да им се даде уште една прилика на крадачите на избори да одат на избори, без претходно да се соочат со политичка и кривична одговорност за сторениот криминал.

Ако немате аргументи, тогаш, продолжете си со поддршката на криминалците на власт, исто како што молчешкум ги поддржувавте овие 10 години. Само, прекинете да ги употребувате зборовите демократија, слобода и правда. Ми се блуе кога ги слушам од вашите красноречиви усти.

 

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби