Ќората мачка

21.01.2016 16:56

Жената заминала да собира морска трева, мажот е испратен на сургун во Гијана. И малата куќичка е сама по цел ден.

Сама? Но низ зелените капаци се гледа како во темнината светка нешто како една единствена капка на морето.

Кога робијата му е наменета на човекот, морето на жената, тогаш на ќората мачка ѝ е наменето да ја чува малата куќичка по цел ден.

Превод: Влада Урошевиќ

Пол Фор (Paul Fort, 1872-1960), поет кој се обидел да создаде нешто меѓу поезија и проза, внесувајќи во своите песни во проза еден вид римување. Неговото поетско дело е собрано под наслов „Француски балади“, а неговото драмско дело под наслов „Француски хроники“.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото