Четири лебеди кои го менуваат балетот

21.01.2016 16:29
Четири лебеди кои го менуваат балетот

Михаела де Принц

Некогашното сираче од Сиера Леоне, која откако била посвоена во Америка, го остварила својот прецизно замислен невозможен сон.

Во афричкото сиропиталиште Михаела мечтаела за тоа дека некогаш ќе биде балерина. Мисти не се обесхрабрила кога ѝ кажале дека нема шанси да биде балерина бидејќи градбата на телото не ѝ го дозволува тоа. Маша и Сергеј немале такви препреки, но за нив постојат некоии други интересни податоци. Откачениот стил на живот на Маша, начинот на кој се облекува и комуницира со обожавателите, полека ги поместува границите на поимање на балетот, а тетовираниот Сергеј е познат како „enfant terrible“ во светот на балетот.

Михаела Де Принц, Мисти Коупланд, Марија (Маша) Кочеткова и Сергеј Полуњин. Добро запаметете ги нивните имиња. Доколку досега не сте ги слушнале, тоа се луѓе кои со она што го прават на сцената, како и она што го прават надвор од неа, полека, од ден на ден, го менуваат светот на балетот, но и начинот на кој луѓето гледаат на оваа уметност.

На Михаела ѝ било најтешко. Откако родителите и починале во граѓанската војна, детството го поминала во сиропиталиште во Сиера Леоне. Сиропиталиштето било уништено во еден напад, па таа била префрлена во кампот за бегалци. Тамо девојчето првпат во едно списание видело слика од балерина. Се заљубила во неа, иако немала идеја што точно прави таа необично облечена жена. Никому не кажала дека еден ден ќе биде балерина, само молкум, заљубено ја набљудувала сликата. Потоа пристигнала веста: „Американка посвоила ѓаволесто дете“, како што ја нарекувале поради депигментираната кожа на вратот.

„Мојата мајка е најдобра жена на светот, а за тоа колку е посебна, говори и фактот дека ме поттикнала да ги остварам своите соништа. Не беше лесно. Кога имав девет години ми рекоа дека не можам да ја играм улогата на Клер во „Оревокршачка“, бидејќи Американка не е подготвена за црна балерина, а потоа на мојата мајка ѝ рекле дека не треба да инвестира во црна балерина, бидејќи тоа е залудно фрлање пари. Но, таа размизлуваше само за тоа што сакам јас, а јас сакав да бидам балерина“ – вели младата балерина, која оваа година полни 20 години. Моментално танцува во Националниот балет во Германија, а заедно со нејзината мајка ја напишала и книгата „Talking Flight“.

Мисти Коупленд

Првата Афроамериканка која во историјата на Аmerican Ballet Theatre е прогласена за првенка

Општественото влијание 

Книгата Life in Motion e дело на една друга балерина, а тоа е Мисти Коупланд. Оваа 33-годишна балерина, во април, од списанието Тime, беше прогласена за една од највпечатливите личности во светот. Таа стана позната откако учествуваше во кампањата на Nike, Under the armour, каде што порачуваше: I will what I want. Таа е првата Афроамериканка која во историјата на American Ballet Theatre беше прогласена за првенка.

Но, нејзиниот животен пат не бил лесен. Родена е во Канзас, а детството го поминала селејќи се низ државите, со проблематичната мајка и браќата и сестрите. Почнала да танцува на 12-годишна возраст. Многу училишта за балет ја одбиле, бидејќи нејзината градба на телото не била соодветна за балерина: ништо на нејзиното тело не им се допаѓало на раководителите на училиштето. Но, Мисти не се обесхрабрила – почнала да работи со професори кои претходно работеле во училиштето за балет.

Три години подоцна следувала приватната драма: нејзината мајка имала конфликт со професорите на својата ќерка. Тие на девојчето му пружиле дом, а нејзината мајка добила судска забрана за приоѓање на детето. Мисти конечно му се препуштила на балетот во 2009 година, а по завршувањето на училиштето станала членка на американското балетско училиште.

„Тогаш забележав колку малку има балерини со темна боја на кожата. Се чувствував осамено и изолирано. Првите години во компанијата се мачев со повредените стапала, а имав и нарушување во исхраната. Но, со текот на времето зајакнав, сфатив дека ако сакам, можам да успеам, и тогаш се случи чудо, бидејќи мојата сила стана видлива на сцената“ - опишува Мисти.

Марија Кочеткова

Првенката од Аmerican Ballet Theatre во која Московската Академија немаше доверба.

Тело и душа

Марија Кочеткова (31) е нејзина пријателка од истата компанија, во која има титула исто како и Мисти. На почетокот на кариерата ѝ кажале дека е прениска и дека нема доволно долг врат, но тие зборови воопшто не ја обесхрабриле.

„Танцувањето не бара совршено тело, туку уметничка душа“ - заклучува Маша. Потоа продолжила со балетското школување. Не ѝ предвидувале блескава кариера, а всушност некои нејзини професори од Московската државна академија и денес добиваат главоболка кога ќе ја видат пред камери.

Таа е поинаква: не мора да значи дека сите балерини се клсични и имаат исправено држење, го слушаат Чајковски и прават лесни вежби додека готват. Не, некои се сосема различни: носат хипсерски очила, се прчат пред камери и покренуваат сопствена линија за облека на која стојат рачно испишани пораки кои самите ги измислиле. Маша е отворена, срдечна, необична, а нејзините фанови тоа го обожаваат. На сцената е беспрекорна.

„Кога луѓето ме прашуваат каков е мојот стил, велам дека може да се опише со два збора: не знам. Ги правам работите онака како што ми доаѓаат. Можеби не се однесувам како што се очекува од една балерина. Луѓето веројатно мислат дека балерините се страшно здодевни. Тоа е смешно, бидејќи најверојатно тоа го заклучиле додека нè гледаат на сцена. Затоа јас на сите отворено им покажувам каква сум, и доколку тоа некому му се допаѓа, одлично. Ако не, жал ми е, но тоа сум јас“ – истакнува Маша.

Сергеј Полуњин во светот е познат како балетан кој преку балетот ја раскажа својата верзија на песната Take me to church. Сите го забележаа тој истетовиран маж кој изведува воодушевувачки скокови. Но, Полутињ и тоа како е познат во балетскиот свет. Неверојатно талентиран и неверојатно бесен. Во еден момент влегол во конфликт со раководството на англискиот Национален балет (каде што беше најмладиот првак во историјата на театарот), дал отказ и отворено пред сите изјавил: „Знаете што? Јас го мразам балетот.“ Непослушниот балетан ги фрлил своите балетанки во ѓубре и одлучил да се пронајде себеси. Балетоманите биле во шок, бидејќи таков талент се раѓа еднаш во педесет години.

Сергеј Полуњин

Украинското чудо и „enfant terrible“ кој за малку ќе се откажел од балетот поради конфликт со балетското раководство

Малиот принц

Му беа потребни неколку години, но се пронајде. Светот на балетот на крајот сепак не го напушти, иако се зборуваше дека сакал да го направи тоа. Потоа сними видео кое на интернет стана голем хит, ја заведе славната балерина Наталија Осипова, и се смири танцувајќи во Русија. Одлучи да ги промени нештата – сега основа трупа која на јазикот на балетот (за почеток) ќе ја преведе книгата „Малиот принц“.


„Балетот може и мора да биде интересен. Како? Долго размислував за тоа, а мислам дека во рок од една година ќе оформам трупа и на луѓето ќе им покажам дека овој танц е поинаков и магичен. На некој начн, во оваа форма во која денес постои, балетот умира, и потребни се промени за да преживее“ – вели Пољутин во едно неодамнешно интервју.

Извор: Globus
 

ОкоБоли главаВицФото