Невидливите луѓе на Белорусија: заборавените жртви од Чернобил скриени од јавноста

23.01.2016 02:09
Невидливите луѓе на Белорусија: заборавените жртви од Чернобил скриени од јавноста

Серијата фотографии „Невидливите луѓе на Белорусија“ ги документира животите на лицата со посебни потреби и на жртвите од Чернобил кои живеат во владините институции, опишани како нешто помеѓу азил, сиропиталиште, и конак. Фотографката Јадвига Бронте, која е родена во соседна Полска, ги истражува ефектите од катастрофата во Чернобил врз луѓето во Белорусија по повеќе од триесет години.


Бидејќи се скриени од јавноста, дури и некои жители на Белорусија не се свесни за овие владини институции кои се дом на лицата со посебни потреби и жртвите на Чернобил. Тоа се места во кои десетици илјади луѓе го поминуваат целиот свој живот.


Луѓето кои од страна на белоруската влада се сметаат за „различни“ можат да бидат отстранети од улиците и засекогаш да бидат елиминирани од цивилизација.


Поради таинствената природа на овие владини институции, тие станаа предмет на фолклорот, развивајќи стигма за нивните непризнаени жители.


Фотографката Јадвига Бронте го опишува својот моќен фото есеј како „приказна за овие луѓе како човечки суштества, како луѓе кои страдаат и се борат против неправдата на секојдневниот живот, и како луѓе кои се грижат едни за други, и градат долготрајни пријателства, па дури и се заљубуваат.“


„Овие невидливи луѓе остануваат невидливи. На крајот можеби нема да има никој кој ќе се сеќава на нив, и сликите можеби ќе бидат единствениот доказ за нивното постоење“ – вели Јадвига Бронте.


Владините институции не се само дом на жртвите од катастрофата во Чернобил, туку, исто така и домови на лицата со хендикеп. Секој кој според белоруската влада се смета за различен, може да биде отстранет од општеството и некаде далеку заклучен.


Предадени на владата од страна на роднините, скоро по раѓањето, голем број од овие луѓе кои живеат во овие владини институции се заборавени, скриени од јавноста.
Иако од катастрофата во Чернобил поминаа повеќе од 30 години, ефектите сè уште се чувствуваат и денес, а Белорусија трпи 70% од последиците.

Една од целите на фотографската серија на Јадвига Бронте насловена ,„Невидливите луѓе на Белорусија“, е да се промени менталитетот на луѓето во Белорусија, да почнат да ја учат сопствената скриена историја и да станат посвесни за она што се случува во нивната земја. Лицата со посебни потреби во Белорусија станаа табу и лица исклучени од општеството.

Извор: www.nydailynews.com