Филмови за Боуви во Кинотека

23.01.2016 13:15
Филмови за Боуви во Кинотека

Фестивалот на музички документарни филмови Скопје Синема Сити, на 23 и 24 јануари со почеток во 20 часот, во просториите на Кинотека на Македонија, организира ретроспектива на филмовите од неговото прво издание, кое се одржа во јули 2015, во Сули Ан, Менада и Кинотека на Македонија.

На 23 јануари (сабота) во 20 часот ќе се одржи проекција на филмовите за Дејвид Боуви „Стариот актер“ на режисерот Алан Јентоб и „Берлин - патешествие инспирирано од Дејвид Боуви“ на режисерот Вили Асгеирсон.

Освен филмовите посветени на Дејвид Боуви, истата вечер ќе бидат проектирани и „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски, како и „Музиката на Пруденс“ на режисерот Роџер Рос Вилијамс.

На 24 јануари (недела) во 20 часот ќе се одржи премиера на српско-хрватскиот филм „Застани на пат“ на режисерот Немања Ѓериќ, кој зборува за почетоците и развојот на хип-хоп музиката и културата на овие простори.

Влезот на сите проекции е слободен.