1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Покрај парагвајскиот град Катеура се наоѓа депонија во која секојдневно се истураат 1.500 тони отпад. Но, еден локален ентузијаст ќе го претвори отпадот во нешто сосема необично.
Учителот Фабио Чавез основал музичко училиште, но се соочил со проблем: имал повеќе ученици отколку инструменти. Набрзо потоа, изнашол решение така што изработил инструменти за учениците од рециклиран отпад и така го основал оркестарот „Recycled Orchestra“.
На видеото подолу можете да погледнете кратки инсерти од оваа инспиративна приказна за децата кои покажуваат дека сиромаштијата не може да застане на патот на талентот и посветеноста на музиката.