„Биди човек, подари книга!“ - Акција за собирање книги за затворениците

26.01.2016 01:06
Биди човек, подари книга!

Тихомир Јанчовски, Саша Шотаровски и „Децата од нашата улица“ ве покануваат да земете учество и во втората рунда од собирањето книги кои овој пат одат за формирање затворски библиотеки. Колку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од 90-тите наваму. Не подарувајте сè и сешто, само нешто соодветно. И ве молиме, на книгите што сте одбрале да ги подарите напишете сопствена посвета до непознатиот затвореник. Разбравме и друго, некои затвореници изјавиле дека единственото нешто што ги одржува во живот и им дава утеха и надеж е токму читањето. Подарете книга на 30 јануари (сабота), од 11 до 15 часот, и останете со нас на греано вино.

Акцијата е чисто граѓанска, нема врска со никаква институција (партија, министерство, општина, НВО, амбасада...) само со конкретни личности. Бидете луѓе, подарете книга. И затворениците се луѓе. И Скопје е град, и има луѓе со добра волја и граѓанска свест.

Бидете поздравени и ве очекуваме во сабота.

Благодарност до Румена и Уранија, за помошта и поддршката во организирањето на настанот. И до сите што допрва ќе дадат свој придонес за акцијата.

ОкоБоли главаВицФото