Анатомија на војната

27.01.2016 15:34
Анатомија на војната

Уметникот Ноа Скалин создава серија измислено„анатомски коректно“ оружје. Со неговата серија насловена „Анатомија на војната“ уметникот има за цел да го хуманизира оружјето, за да го претстави вооруженото насилство како една чувствителна и комплексна тема. Тој сака овие парчиња да предизвикаат дискусија за можностите на насилство, кога оружјето би било „кревко како животите кои тоа потенцијално може да ги одземе“.

Ноа Скалин го создава ова „анатомски коректно оружје“ со мешавина од полимер глина, акрил и емајл. Тој ги извајал пиштолите и моделот АК-47 според моделот на вистинско оружје. „Овие дела се како мали метафори за самиот чин на избор на човекот во рамките на воооруженото насилство, како оружјето да претставува дел од човекот кој го користи.“

Овие скулптури нè потсетуваат на тоа дека машината не таа која го извршува чинот на насилство, дека умот е тој што одлучува да го користи. Овие парчиња ја бришат идејата дека пиштолот убива некого, и укажуваат на тоа дека тоа го прави нешто што е живо, дека тој чин го извршува човекот.

 Во една прилика уметникот вели: „Многу често дискусијата околу оружјето во Америка добива емотивна нота, во контекст на Вториот уставен амандман. Анатомија на војната ја носи дискусијата назад кон индивидуално човечко ниво.“

Извор: beautifuldecay.com

ОкоБоли главаВицФото