НАСА открива: Земјата и Миленко се рамни!

27.01.2016 18:21
НАСА открива: Земјата и Миленко се рамни!

Вашингтон-Скопје, 27 јануари 2016

Истражувачи од НАСА, по неколкугодишни истражувања откриле дека Земјата е рамна како плоча. Освен ова големо откритие, нивните истражувања покажале дека рамен е и Миленко Неделковски.

„Одамна се сомневавме во општо прифатената теорија за обликот на планетата Земја, а господинот Миленко Неделковски ни беше од огромна помош во разобличувањето на оваа заблуда“, велат од НАСА.

„Да си поставиме едно логично прашање: ако Земјата навистина е тркалезна, тогаш зошто американските визи за кои посредуваше Миленко не завршија во рацете на побарувачите? Понатаму, зошто Македонците и Хунзите не се поврзани со жичарница? Тоа беше доволно да се посомневаме и да почнеме да истражуваме“, вели Флет Спејси, предводникот на истражувањето на НАСА.

Спејси објаснува дека членовите на истражувачкиот тим на НАСА, по напорните подготовки, дошле во Тработивиште, се качиле на пирамидите откриени од Миленко и дружината и оттаму јасно виделе дека земјата е плоча што ја држат тројца Миленковци.

„Ако од врвот на пирамидата во Тработивиште погледнете кон телевизија Канал 5 под агол од 45 степени, ќе видите дека не само што земјата е рамна, туку рамен е и господинот Миленко Неделковски“, објаснува нашиот соговорник од НАСА.

Неофицијално, во наредното издание на „Миленко late night show“, гости од НАСА ќе презентираат докази дека магарињата летаат.

Слики: Свирачиња