Погром на зеленилото

28.01.2016 04:32
Погром на зеленилото

Жителите на Општина Карпош најавија дека нема да запрат со протести сè додека градоначалникот Стевчо Јакимовски, и лидер на ГРОМ, не запре со уништувањето на зелените површини, а со тоа и на главната предност на Тафталиџе, Карпош 4 и на другите населби. Бараат тој и советниците да го повлечат предлогот за новиот Детален урбанистички план-студија. Со студија финансирана од УСАИД докажуваат дека овој нацрт-план е спротивен на препораката од Генералниот урбанистички план за град Скопје.

Но, со студии, со повикување на граѓански права, на заштита на животна средина, на закони, на елементарни норми ништо не можеш да му докажеш на некој што станал познат со изјава: „Да умрев вчера, немаше да знам дека во Македонија има правна држава“, дадена од позиција на министер за економија! За граѓаните уште поголем проблем - и отежнителна околност - од неговото разбирање на правната држава е тоа што Стевчо има огромна потреба да се докаже како голем вмровец (ноќното бегство од СДСМ очигледно не му било доволно). Затоа постојано трчка околу кругот најблиски соработници на Груевски, ги имитира, им се додворува и на сите начини, а тие се главно криминални, сака да влезе во него. За него ова е шанса да се види дека таму кај што ќе удри Стевчо-громовникот, таму трева не никнува. Тие и таквите од власта не ја разбираат силата на аргументот, туку силата како аргумент. Затоа протестите мора да продолжат.

Извор: Слободен печат
Слика: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото