Спротивност

28.01.2016 14:45
Спротивност

На една страна светот, на друга луѓето и боговите.

Светот е немилосрден, рамнодушен.

Тоа е камен на кој, трчајќи бос, си го повредил ножниот палец.

Луѓето и боговите се во постојано движење на вина и простување.

Нивните топли грла изговараат зборови на клетви и благослови.

Слаби се, непостојани, очекуваат помош едни од други.

Љубовите на луѓето и боговите се постојано загрозени од можноста за загуба.

Нивната облека, маските и обувките докажуваат дека не сакаат да останат во склад со Природата.

Истовремено смртни и бесмртни, живеат во својот предел високо над светот.

Не заборавајте, вие, кои сте луѓе или богови,
каква чест ви припаѓа од сонцето и галактиката на светот.

 

Превод: Иван Шопов
Слика: San Poggio

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото