1018 hPa
63 %
14 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 05:00

Скопје, 29 јануари 2016
Неверојатен настан се случил во приватната дерматолошка ординација „Перо-скин“, кога д-р Перо С’клетчиев кај својот пациент открил алергија што не се појавила на нервна база.
Имено, кај сите негови досегашни пациенти, по темелните испитувања, се покажало дека алергијата им се јавила на нервна база, а докторот им препорачал дека сè што треба да направат е да се смират како знаат и умеат, или евентуално да отидат на бајач.
„Отидов кај доктор С’клетчиев чисто формално, колку да имам потврда дека навистина чешањето и црвенилото по рацете ми се јавиле на нервна база. Но, ме шокираше веста од докторот, кој ми кажа дека сум алергичен на сувомеснати производи“, вели Јане Крастев, пациент во ординацијата „Перо-скин“.
Веста брзо се расчула како меѓу пациентите на С’клетчиев, така и меѓу неговие колеги, па се очекува тој да биде првиот Македонец номиниран за Нобелова награда за медицина.
По откривањето на еден случај со алергија што не е на нервна база, во „Перо-скин“ навалиле уште стотина пациенти со алергија, но кај сите нив била констатирана истата дијагноза - сè е на нервна база.