Ставорци од средината на лебот

29.01.2016 17:10

Во 1888 година, во областа на Сен-Арнул-ан-Ивелин, жандармите беа затвориле еден скитник, вистински загрозувач на јавната безбедност, баран поради вештерски дејанија: тоа беше еден „произведувач на ставорци“. Полските имоти на кои бил лошо примен, или од кои бил избркан, биле преплавени со ставорци по неговото заминување. Неговата постапка беше проста: средината на лебот ја гмечеше во облик на малечки ставорци и ги растураше околу куќите, на стотици; овие лебни ставорци се претвораа во вистински, брзи и алчни, кои навалуваа на амбарите и таваните. Истрагата трае, стручњаците не разбираат ништо, заглавени во неверојатностите и одбиваат да поверуваат во една таква преобразба. Во својата ќелија, во затворот во Версај, скитникот видливо се здебелува, изобилно хранет со компири од страна на чуварите кои не му даваат леб за да не им посее ставорци насекаде.

Превод: Влада Урошевиќ

Клод Сењол (Claude Seignolle, 1917-), поет кој пишува песни и во стих и во проза. Главни збирки: Бели приказни, Подмолна поезија. Во книгата Расправа за апаратите дава описи и нацрти на поголем број невозможни механизми.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото