Лего ја претстави првата фигура во инвалидска количка

30.01.2016 15:17
Лего ја претстави првата фигура во инвалидска количка

Фигурата посебно се истакнувала меѓу другите новитети на компанијата кои биле поставени на една од презентациите, а која прикажува сцена во парк каде покрај фигурата со човек во инвалидска количка, стоеле фигури на продавач на сладолед и велосипедист.

Компанијата Лего неодамна беше обвинета за недостаток на разновидност во фигурите кои ги произведуваат за продажба.
Кампањата која беше организирана во текот на минатата година лобираше Лего во својата програма да ги вклучи лицата со инвалидитет.

„Она што ние го бараме е повеќе од само продажба или промена на пристапот кон хендикепираните лица. Станува збор за менување на културата и начинот на перцепција на лицата со инвалидитет“ – вели Ребека Аткинсон, една од иницијаторите на кампањата.

Лего набргу потоа се одлучи да го промени пристапот, па во новите изданија вклучи фигура на личност во инвалидска количка. Компанијата со тоа сврте нова страница во својата историја и покажа дека ѝ е важно мислењето на корисниците.

Извор: www.oslobodjenje.ba