Жаби од саркофази

30.01.2016 18:22

Археолозите открија, во последниве години, во Вандеја, поголем број саркофази кои потекнуваат од среден век и кои имаат необични жители: во секој од нив се наоѓа, правејќи му придружба на еден голем човечки костур, и еден кревок скелет на жаба, сочуван цел и во многу добра состојба, поставен врз дланката на погребаниот. Дали е тоа доказ за некој локален фетишистички култ кој преживеал сè до тоа време, или трага од вештерски обред? Што се однесува до мене, јас сум повеќе за втората хипотеза, особено поради тоа што, откако беа откриени, остатоците на тие водоземци, ставени претпазливо покрај раскопките или во некоја картонска кутија, во многу случаи исчезнуваа штом повеќе не се обрнуваше внимание на нив.... Не станува збор за тоа дека се строшиле в прав, туку дека избегале, заминувајќи така што никој повеќе не можеше никаде да ги најде.

Превод: Влада Урошевиќ

Клод Сењол (Claude Seignolle, 1917-), поет кој пишува песни и во стих и во проза. Главни збирки: Бели приказни, Подмолна поезија. Во книгата Расправа за апаратите дава описи и нацрти на поголем број невозможни механизми.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото