1014 hPa
82 %
10 °C
Скопје - Пет, 19.04.2024 09:59
Иван Татарчев Дургутовски е фотограф, графички дизајнер и визуелен артист кој се занимава со фотомонтажа и колажирање, а особено ја сака апстрактната фотографија. Вели дека сака да руши табуа и бариери, и често се обидува да го прави преку необични автопортрети.
„Уметноста ми е порив, најголема инспирација и мотивација. Тука сме за да правиме промени, преку искажување на личните ставови, секој на свој начин“, вели Иван Татарчев Дургутовски, кој го смета фотографирањето со мобилен за „визуелен дневник за оние што ги мрзи да пишуваат“.
Подолу претставуваме десет негови инстаграм фотографии со кои самиот избра да се претстави на Окно.