За Јордан Шишовски или како да препознаете спектакуларен епски кретен

01.02.2016 03:48
За Јордан Шишовски или како да препознаете спектакуларен епски кретен

Колку ми се смешни оние кретенчиња полни со теорија, идеализам и утопија кои ќе прекрстат раце во емисија или пред компјутер, и ќе почнат да солат памет и да паламудат за опозицијата во овие толку важни, круцијални моменти. Кои епски кретени!

Да ѝ делите сега лекции и критики на опозицијата е како да гледате како некоја мечка со пена на устата расцепува некое дете во шума, а вие, наместо да грабнете некое дебело дрво или сачмарка со калибар 100 милимери и да ѝ го наполните газот на мечката со олово - да седнете на некој камен, на безбедно растојание, и да анализирате како детето забегало и паднало во рацете на мечката...

Ако одиме со аналогијата, не е проблем што детето е немоќно, туку како мечката пораснала до 1.000 кила, кој ѝ дозволил и зошто е пуштена во близина на деца, каде може да направи многу белја...

Простоќата, слепилото и идиотизмот на овие идеалисти кои немаат доволно процесорска моќ на нивните мали мозочиња за да ја увидат комплексната политичка динамика, и тоа дека нивните критики и совети во овие моменти се контрапродуктивни и влијаат на самиот исход во битката против режимот, е фасцинантна и запрепастувачка.

Ако се вратиме на аналогијата со мечката, тие не само што не помагаат, туку и ја охрабруваат мечката и го збунуваат и обесхрабруваат детето да не може да се бори и да бега.

Кога ќе завршат изборите, ќе дојде време за дебата и анализа, сега е време да се помогне, а не да се паламуди.

Како да се помогне? Да се насочи фокусот на режимот, а евентуални совети да се дадат лично до функционерите на опозицијата или во chat или на мејл. Во секој град има штабови на опозицијата, а и високи функционери на СДСМ овие денови ја шпартаат Македонија.

Не треба да се биде многу паметен за да се заклучи дека секоја критика кон опозицијата, дури и да е добронамерна, е злоупотребувана од режимот и ѝ користи на фамилијата на власт.

Да не биде дека не сте знаеле...

 

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Скулптури на сликите: Шери Бојл