Стан со ентериер кој наликува на игралиште

01.02.2016 04:09
Стан со ентериер кој наликува на игралиште

Сигурно е многу забавно да се живее во ваков необичен стан? За сите деца (или деца во срцето), кои некогаш сигурно посакале да имаат игралиште во својот дом, дизајнерската компанија Ki Design ја има реализирано таа замисла во Харков, Украина. Тие инсталирале голем лизгач што почнува од вториот кат, минува покрај енергичниот жив ѕид од зеленило, а завршува на пријатниот и мек тросед, со поглед кон прозорците направени во фабрички стил.


Лизгачот е нов додаток во проектот на дизајнерската компанија. Првично просторот на вториот кат немал конкретна функција и бил празен. Клиентите на Ki Design сакале да го преосмислат просторот, имлементирајќи возбудлив дизајн кој нема да им стане здодевен подолго време. Покрај тоа, мора да ги воодушеви нивните гости. Студиото ги постигало и двете цели со своето неконвенционално решение. Лизгачот е фасцинантен и сосема се вклопува во еден модерен дом.


Извор: www.contemporist.com