Апелациониот суд потврди: Жарко Трајаноски да му плати отштета на Миленко Неделковски

01.02.2016 16:59
Апелациониот суд потврди: Жарко Трајаноски да му плати отштета на Миленко Неделковски

Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 2 Скопје, според која активистот за човекови права Жарко Трајаноски, треба да му плати 20.000 денари надомест на нематеријална штета на Миленко Неделковски. Едновремено, Трајаноски треба да плати и 52.170 денари за судски трошоци, за судската постапка за навреда и клевета која траеше 5 години.

Трајаноски (на својот Фејсбук профил) истакнува дека бил обвинет по еден закон, а осуден по друг, во кафкијански процес: „Ич не му се лутам на Миленко. Тој ја докажува секојдневно вистинитоста на моето тврдење дека е медиумски шарлатан, а се надмина себеси како шарлатан со пропагирањето дека земјата е рамна плоча. Гневен сум на сите судии што застанаа во одбрана на честа и угледот на медиумскиот шарлатан, кој сеуште неказнето повикува на ликвидација на неистомисленици. Борбата продолжува.“

Миленко Неделковски го тужеше активистот Жарко Трајаноски за навреда и клевета, затоа што, на 16 мај 2010 година, во вестите на телевизија А1 го нарекол медиумски шарлатан. На 29 декември 2014 година Основниот суд Скопје 2 Скопје донесе пресуда, која Трајановски ја обжали до второстепениот суд односно Апелациониот суд во Скопје.

 

Поврзана статија: Жарко Трајаноски - Дали Миленко е шарлатан?

 

Извор: Плусинфо
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото