Чудесен накит со мини сцени од бајките

02.02.2016 01:11
Чудесен накит со мини сцени од бајките

Уметницата Џема Арнал Џерико изработува накит за оние кои сакаат да ја задржат детската зачуденост пред нештата, обидувајќи се со своите креации да ја отвори темата на одново пронајденото детство. Користејќи ги класичните бајки како инспирација, дизајнерката ја ослободува својата имагинација за да создаде парчиња накит кои го прикажуваат светот на магијата и тајната.

Браќата Грим, Ханс Кристијан Андерсен, и Чарлс Перо, се тројцата раскажувачи на приказни за деца кои имале големо влијание во создавањето на фантастичните креации на Џерико, помагајќи ѝ да ги прикаже приказните кои го одбележале и разубавиле нејзиното детство.


Како реминисценција на приказните кои ѝ биле раскажувани во детството, таа во дрвото резба мали сцени инспирирани од најпознатите бајки. Црвенкапа, Малата сирена, Пепелашка, Пинокио се само мал дел од нив.


Покрај тоа што бајките се суштинскиот дел од процесот на изработка, Џерико се стреми на сите парчиња накит да им даде винтиџ изглед. На оние кои го носат овој накит тој елемент им дава чувство на допир со историјата на еден вонземен свет.


Извор: www.etsy.com