Нови (анимирани) МК знамиња

03.02.2016 14:05
Нови (анимирани) МК знамиња

Серијата нови македонски знамиња македонскиот графички дизајнер Небојша Гелевски ја започна во 2014 година, инспириран од поезијата на @therealpsmst и неговата книга „Многудетна“. Опсесијата на режимот со размножувањето на Македонците и кампањското инсистирање на многудетност во една од најсиромашните европски држави, во серијата знамиња на Небојша Гелевски е исмеана низ едноставен, но ефектен минималистички израз.

Набрзо, овој македонски дизајнер ја прошири тематската рамка на неговите сатирични знамиња, па освен „многудетните“, изработи и серија други знамиња, кои се однесуваат на слободата на говорот, проблемот со иселувањето на младите од Македонија, општата состојба со слободите и правата на граѓаните, бесперспективноста на огромен дел од граѓаните во Македонија...

Подолу претставуваме единаесет анимирани варијанти на знамињата на Небојша Гелевски, во кои доминираат оние од „многудетна Македонија“, но надополнети со неколку кои ја прикажуваат општата катастрофална состојба на земјава по 10-годишното малтретирање од режимот на груевистите. 

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Фотографија / Книжевност / Настан
Графички Дизајн / Технологија / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Технологија / Око

ОкоБоли главаВицФото