Фудбалска лига за луѓе со прекумерна телесна тежина

03.02.2016 20:18
Фудбалска лига за луѓе со прекумерна телесна тежина
Во Англија постои посебна фудбалска лига посветена на поддршка на луѓето кои имаат прекумерна телесна тежина, која им помага да останат доследни на своите обиди за слабеење. Наречена „Man v Fat“, лигата вклучува исклучиво мажи со прекумерна тежина со индекс на телесна маса од 30 килограми повеќе од просечната. Тимовите освојуваат поени за победите, но и губат килограми за време на натпреварите кој траат 14 недели.

Фудбалската лига за луѓе со прекумерна телесна тежина се наоѓа во Солихал, Западен Мидлендс. Лигата е основана пред две години, а нејзин основач е 37-годишниот Ендрју Шанахан. Ендрју вели дека дошол до оваа идеја бидејќи веќе бил изморен од традиционалните часови за слабеење полни со жени.

„Ми се чинеше дека нема помош за мене, и се чинеше дека сите часови беа прилагодени на потребите на жените. Се сеќавам дека кога одев на состаноците на Weight Watchers, јас бев единствениот маж таму. Тоа беше непријатно искуство. Лидерот зборуваше за тоа дека кога имате циклус, тежината може да варира. Во тие моменти се прашував што барам овде и зошто го слушам ова, тоа не е мој проблем. Тоа навистина не ме засега.“

„Ја основав лигата Man v Fat бидејќи и самиот бев морбидно дебел, и од прва рака ги искусував тешкотиите со кои се соочуваат мажите кога се обидуваат да ја намалат тежината“ – вели тој. „Мојата телесна тежина значително се намали, и јас бев шокиран од тоа колку многу значи поддршката.“


„Токму затоа луѓето не успеваат" – објаснува тој. „Некои луѓе мислат дека за да се намали прекумерната телесна тежина, потребно е да се истрча маратон или да се направат некои Спартански чекори. Тоа е погрешен начин. Треба да го промените начинот на кој што јадете, да го промените ставот кон вашиот стил на живот. И потребна ви е поддршка. Си помислив, зошто да не се собереме повеќе луѓе со ваков проблем и да играме фудбал?

Бесплатната програма Man v Fat почна да се реализира во јануари 2014 година, со средства собрани преку кампања за собирање донации, со поддршка од Советот на општината, големи организации за поддршка на луѓето со прекумерна тежина, и познати личности како Џејми Оливер. Во лигата сега има 40.000 членови, со тимови како што се XL Легенди, Распуштени пивски стомаци, Феникс XXXL и Интер Пити.

Според Стивен Мундеј, шеф за јавно здравство на Советот во Солихал, Man v Fat е одлична иницијатива, бидејќи на луѓето со прекумерна тежина им е тешко да најдат групи за поддршка за слабеење кои навистина ги интересираат. „Постои национална грижа за дебелината, но тоа се претежно центри за жени и деца“ – вели тој. "Оваа иницијатива е навистина возбудлива и советот целосно ја поддржува.“

Извор: www.odditycentral.com

 

ОкоБоли главаВицФото