Концерт на грчкиот бенд Астреј и електронскиот музичар Б.Атл во Кула

04.02.2016 13:12
Концерт на грчкиот бенд Астреј и електронскиот музичар Б.Атл во Кула

На 5 февруари (петок), со почеток во 20 часот, во културниот центар Кула ќе се одржи концерт на грчкиот бенд Астреј и скопскиот музичар и ди-џеј Б.Атл. Ве покануваме на едно необично музичко доживување, каде ќе ги споиме експерименталниот електронски звук и хеви рок музичкиот жанр.

Астреј е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 год. во Солун. Во 2013 го издаваат своето прво и-пи издание и во 2016 прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на Cathedral, Orange Goblin, Kyuss, Black Sabbath, итн.

Б.Атл е скопски ди-џеј познат по неговите експериментални музички вечери во Ла Кања. Напоредно со неговиот ди-џеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним. Како предконцертно загревање за Астреј, Б.Атл ќе ја отвори вечерта во Кула со неговиот настап.

ОкоБоли главаВицФото