1004 hPa
72 %
14 °C
Скопје - Саб, 07.02.2026 15:00
„Подарок“ е краток анимиран филм на американскиот режисер и аниматор Џејкоб Фреј. Во него се раскажува приказната за момче со една ампутирана нога, кое постојано седи дома играјќи видео-игри. Неговата мајка се обидува да го натера да излезе на различни начини, но без успех. Еден ден, таа ќе му подари куче, кое момчето прво го игнорира и оттурнува од себе, сè додека не открие дека ги спојува една заедничка работа.
Овој извонреден анимиран филм има учествувано на повеќе од 180 фестивали и добиено повеќе од 50 награди.
The Present from Jacob Frey on Vimeo.