Хиџарби – првата барбика која носи хиџаб

04.02.2016 15:09
Хиџарби – првата барбика која носи хиџаб

Неодамна, Барби се проби во уште едно вообичаено руво, слаба бела жена налик на Парис Хилтон, изглед со кој повторно го привлече вниманието. Но, минатата недела, компанијата за играчки, Mattel, претстави нова палета на кукли, наречена Fashionistas, кои имаат различни облици на тела и седум различни тонови на кожа. Оваа нова Барби кукла овој месец се најде и на насловната страница на списанието Time.

Ханифа Адам, 24-годишнaта блогерка и медицински научник од Нигерија, новиот изглед на куклата го однесе уште еден чекор понатаму, со тоа што новата Барби сега носи хиџаб, или како што таа ја нарекува, „Хиџарби“.

Адам објаснува дека идејата дошла од некоја страница за различбите стилови на Барби, па посакала да види кукла облечена во облека како нејзината. „Едноставно сакав да видам кукла облечена како мене, покриена, кукла која носи хиџаб“ – вели таа. „Отидов во шопинг центарот, купив кукла, ја облеков, ја фотографирав, и тоа е сè.“


Хиџарби е прва кукла од ваков вид, и тоа е нешто за што Адам е свесна, како и за пораката на инклузивност која доаѓа со неа. „Имам чувство дека ја поплнувам празнината, и се надевам дека ќе создадам позитивна свест за муслиманските девојки“ – вели таа.

„Сакам оваа кукла да биде инспиративна. Станува збор за создавање на алтернатива, со помош на играчки кои личат на вас, која, на крајот на денот, води до подобро чувство за себе и растење на самодовербата.“


Адам, исто така нагласува дека животот во 21 век, на моменти може да биде психолошки предизвикувачки, што уште повеќе ја потенцира важноста на потребата да се идентификуваме со сопственото културно наследство.

Говорејќи на темата за застапеноста на муслиманските жени во мејнстримот на западната култура, Адам вели дека „подигањето на свесноста за модата на муслиманските жени, веќе неколку години кај блогерите зазема централно место, и му покажува на светот дека стилот и верата се во комплементарен однос. И сè уште има што да се прави на таа тема.“

Очигледно реакциите на куклата Хиџарби се позитивни. „Таа многу добро поминува кај родителите“ – вели Адам, „и постарите девојки велат дека посакуваат и тие да имале такви кукли кога биле мали.“

Овде не може да не се спомене и медиумскиот успех. Откако пред седум недели беше приклучена на Инстаграм, новата Барби која носи хиџабдоби речиси 5000 следбеници. Што се однесува на иднината, Адам вели дека се надева дека Хиџаби ќе прерасне во профитабилен бизнис, нешто што во оваа фаза се чини многу веројатно.


Извор: www.dazeddigital.com

ОкоБоли главаВицФото