Што ќе ни е новинарство кое не се сомнева?

05.02.2016 13:44
Што ќе ни е новинарство кое постојано не преиспитува?

Разговор со Гордана Виловиќ, професорка на Факултетот за политички науки во Загреб, за важноста на независните наспроти меинстрим медиумите, проблемите со кои се соочуваат новинарите и опасноста од исчезнување на независните, слободни и непрофитни медиуми во Хрватска.

 

Постои обид во јавноста да се создаде слика дека непрофитните медиуми претставуваат „паразити“ кои трошат милиони куни од даночните обврзници.

Сега кога целото среднострујашко новинарство се руши, непрофитните медиуми се место каде можат да се прочитаат ставови кои е невозможно да се најдат во други медиуми. Непрофитните медиуми донесуваат анализи на настаните и коментари кои не ги објавува ниту јавната ниту комерцијалните телевизии. Сè се тоа причини поради кои е важно секое општество кое ги негува плурализмот и слободата, кое го уважува секој човек, да ги поддржи таквите медиуми. Освен тоа, меѓу луѓето кои ги пишуваат своите текстови во непрофитните медиуми се и признати новинари, луѓе кои го вложиле својот живот во новинарството. И никако не се паразити. Новинарите во непрофитните медиуми не живеат од големите пари на државата, баш напротив, тие само преживуваат.

Непрофитните медиуми лани добија само два промила од државниот буџет.

Износот издвоен за непрофитните медиуми е мал, но тоа беше голема новост која ја направи Министерството за култура во тој дел од својата работа и верував дека тоа не се доведува во прашање. Лошо е ако почне да се прекршува одлуката за непрофитните медиуми, зашто на граѓаните треба да им се овозможат што повеќе погледи на ситуацијата во општеството. Но ако власта сака послушни граѓани, кои нема да имаат прилика да прочитаат ништо освен она што им го сервираат меинстрим медиумите, тогаш укинувањето на средствата за непрофитните медиуми е одлука со која ќе се постигне токму спротивното. Ако на тој начин се спречува она што некому не му се допаѓа, кога-тогаш ќе дојде до крах кој не му треба никому, посебно не на државата. Во секоја демократска држава мора да постои и силен цивилен сектор и никој не смее да го забрани изразувањето судови и искажувањето незадоволство. Тоа е суштина на демократијата. Тие кои го мислат тоа тргнаа во сосема погрешна насока. Ударот врз новинарите е постапка надвор од здравиот разум. Новинарите мораат да нè застапуваат сите нас, тоа е нивната темелна улога. Освен тоа, што ќе ни е новинарство кое постојано не се сомнева и не ги преиспитува односите во општеството? Не смееме да се потпираме само на тоа преку социјалните мрежи политичарите да ни ги испраќаат своите пораки; потребно ни е да имаме можност за сознание за она што се крие во позадина на тие изјави. Имаме и право на шегување, сатира и сарказам, а сето тоа на разни начини треба да ни го овозможат медиумите.

Каде води офанзивата на непрофитните медиуми?

Како што би рекле претставниците за односи со јавноста: кога ќе се случи нешто грозно - тоа е „предизвик“. Но, јас не би сакала новинарите да исчезнат додека трае сегашниот предизвик. Проблемот е како слободно да известувате и да се борите за своите ставови доколку се наоѓате во егзистенцијални проблеми. Но, иако поради стравот за иднината многу новинари имаат таков проблем, верувам дека постои критична маса која ќе увиди дека ваквата ситуација не е добра.

Извор: www.portalnovosti.com