Дизајнерско студио ги претвора такси возилата во патувачка уметност

05.02.2016 14:20
Дизајнерско студио ги претвора такси возилата во патувачка уметност

Замислете како влегувате во такси и откако ќе се сместите, сфаќате дека седите на врвот на светлo син предел со внимателно насликани коњи кои трчаат низ седиштето. Пред вас продолжува да се шири сината позадина, а на неа здогледувате и група фигури. Две од фигурите држат и одмотуваат парче ткаенина на која пишува „Quit India“.

Сцената на таванот е насликана во стилот на древните фрески. Кога ќе се загледате во сите тие мали детали на дизајнот, речиси заборавате дека се возите во такси. Речиси ја заборавате вашата одредена дестинација.Такво е искуството на возење во такси возило трансформирано од дизајнерското студио Taxi Fabric.

Организацијата спојува талентирани дизајнери со такси возачи во Мумбаи, со цел внатрешноста на возилата да ја претвори во дела како што е интригантната слика на Кунел Гаур насловена „Век на револтот“.


Такси превозот во Индија, особено во Мумбаи, не само што е најзгодната форма на транспорт, но исто така, стана иконично парче од културата“ – вели Натали Гордон од Taxi Fabric.

„Покрај тоа што секој возач му посветува многу внимание на секое такси возило, за да се издвои од своите конкуренти, многу малку внимание е посветено на изгледот ткаенините кои ги покриваат седиштата.

Дизајните на ткаенините често се здодевни, не привлекуваат внимание, и не оставаат никаков впечаток. А со талентот за дизајн кој Мумбаи може да го понуди, тој дел не треба да биде занемарен.“


Сепак, според тимот, дизајнот во Индија секогаш не го добива легитимитетот на вниманието што го заслужува. Посебно постарите генерации се соочуваат со концептот на дизајн како нешто кое има потенцијал да создаде вистинско влијание.


Taxi Fabric служи како совршено место за средба меѓу овие две сфери. Такси возилата се реновираат и преобразуваат, а дизајнерите на тој начин ги изложуваат своите дела. Велосипедисти и возачи да се доживее со таа разлика што дизајн го прави.

Дури и самото гледање на фотографии од различните дизајни на интернет, на гледачите им дава идеја за комплексноста на секој дизајн. Секој проект доаѓа со специфично име и естетиката на секој дизајнер посебно се истакнува, со тоа што нема две исти такси возила.


Секое возило вклучува „идентитетска етикета“ на која се испишани името на дизајнерот и информации за тоа како да стигнат до него/неа. Тимот на Taxi Fabric кореспондира со дизајнерите, советувајќи ги, но овозможувајќи им да креираат според сопствените визии. Дизајнот потоа оди во центарот за печатење во Лалбаг, и се монтира во Кар.


Гордон објаснува дека приказната за овие необични такси возила се шири многу брзо, па многу таксисти доаѓаат во организацијата да побараат реновирање на нивните возила. Овие дизајни, просечното такси возило го трансформираат во визуелно игралиште.

Поради тоа, придобивките на таксистите се поголеми, како што велат тие, добиваат поголеми бакшиши, а и муштериите често остануваат во такси подолго време од вообичаено. Понекогаш дизајнот може да го промени начинот на кој возачите ги гледаат сопствените возила.


„Тукушто поставивме нови ткаенини во едно такси возило и возачот коментираше дека се чувствувал како да купил нов автомобил“ – пишува Гордон. „Има многу моќ во давањето нов живот, нова димензија на нештата.“


Тимот кој стои зад Taxi Fabric, исто така бил вклучен и во други проекти кои имале големо влијание. Тие неодамна соработувале со TEDxGateway за да создадат серија од пет нови дизајни.


Извор: thecreatorsproject.vice.com

ОкоБоли главаВицФото