Агенција за вработување: За време на викенди ќе се отвораат само по 250 работни места дневно

06.02.2016 12:26
Агенција за вработување: За време на викенди ќе се отвораат само по 250 работни места дневно

Скопје, 6 февруари 2015

Агенцијата за вработување ја информира јавноста дека за време на претстојниот викенд, како и за секој нареден викенд во Република Македонија ќе се отвораат само по 250 работни места дневно.

„Ја информираме јавноста дека поради скратеното работно време на Агенцијата, како и на Технолошко индустриските развојни зони и економските промотори, за време на викенди во Македонија ќе се отвораат по 250 работни места дневно, што е за околу 60 отсто помалку од вообичаената динамика од 600 новоотворени работни дневно во секој работен ден. Освен за викенди, ваквиот намален опсег на вработување ќе важи и за време на државни и верски празници“ – стои во соопштението од АВРМ.

Ваквото појаснување од АВРМ доаѓа откако нејзиниот директор обелодени дека секој ден во Македонија се отвораат по 600 работни места, по што миграните на јужната граница создадоа огромен метеж во борбата за побрз влез и понатамошно вработување во земјава.

Извор: www.kozanostra.net