Јавна дебата: 10 години неправда (2006 – 2016)

06.02.2016 14:09
Јавна дебата: 10 години неправда (2006 – 2016)

Република Македонија веќе 10 години е држава која е заробена од страна на политичките структури на власт. Присвојувајќи го секој аспект од нашето општество, партиите на власт ги присвоија и правдата, слободата и безбедноста на граѓаните во Македонија.

Денес, во Република Македонија, зборовите правда, слобода и безбедност немаат исто значење за сите граѓани. Денес, доколку сте соработници или блиски со структурите на власт, тогаш овие зборови имаат мошне широко значење и можете да ги извртите во своја полза. Но, доколку не сте дел од нив, доколку сте критички настроени кон власта, или доколку сте нејзин противник, тогаш овие зборови во практиката можат да бидат недостижни.

Поради тој менталитет на владеење, поради поставувањето и злоупотребата на целиот систем во функција на своите политички и финансиски интереси, оваа Влада во изминатите десет години зад себе остави голема трага на уништени човечки животи и судбини.

Поради тоа, Хелсиншкиот Комитет ќе организира две јавни дебати на кои ќе бидат презентирани десет случаи кои најдобро го прикажуваат начинот на владеење на оваа власт и злоупотребата на институциите наа системот во партиски и лични цели.

Првата дебата, насловена „10 години неправда“ ќе се одржи во ГЕМ Клубот, на 08.02.2016 г. во 12:00 часот. На неа, говорници ќе бидат:

1. Проф. Д-р Гордан Калајџиев (Случај “Кампања“);
2. Маргарита Цаца Николовска (Случај Лустрација);
3. Борјан Јовановски (Случај Кежаровски);
4. Неда Чаловска (Случај Тамара Димовска);
5. Д-р Воислав Стојановски (Случај Вранишковски).

Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска.