Цветни рендгенски слики

06.02.16 15:55

Серијата фотографии, направени во 1920 година од страна на д-р Дејн Л. Tаскер, главен радиолог во болницата Вилшир, во Лос Анџелес, покажуваат различни растителни видови низ објективот на машина за редгенски снимки.

Тој прво се заинтересирал за фотографијата во 20-тите години, фокусирајќи го своето хоби на пејзаж и портрет. Во 30-тите години почнал да ги поврзува кариерата и своето хоби, да ги поместува фотографските интереси, користејќи машина за рендгенски снимки и издвојувајќи ги цвеќињата од неговите претходно фотографирани пејзажни предели.


Крин (лат. Lilium candidium)

Сликите изложени во галерија Joseph Bellows, во Ла Јола, Калифорнија, не само што го одземаат здивот, исто така, нудат фасцинантен увид во една ера кога радиологија била во формативна фаза.


California holly

Со правењето фотографии на секое цвеќе посебно, Такер ги испитувал нивните индивидуални квалитети, наместо да се фокусира на тоа како тие можат да се најдат групирани во природата или во букет.

Роза (лат. Rosa)

Овие минималистчки композиции содржат романтична и благородна нишка.  „Цвеќињата се израз на љубовниот живот на растенијата“ – изјавил тој во една прилика.

Колумбина (лат. Aquilegia)

Еукалиптус (лат. Eucalyptus globulus)

Лале (лат. Túlipa)

Обичка (лат. Fuchsia hybrida)

Нарцис (лат. Narcissus)

Лотус (лат. Nymphaea lotus)

Лутиче (лат. Delphinium)

Филодендрон (лат. Philodendron)

Кала (лат. Calla aethiopica)

Перуника (лат. Iris germanica)

Извор: www.huffingtonpost.com

 

Слични содржини

Фотографија / Филм / Историја
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото