Пеперутката

23.04.2010 13:18
Пеперутката - хаику песни од Драгана Евтимова

Триесеттина хаику песни од младата Драгана Евтимова. Станува збор за малку нетипични, рефлексивни хаику песни, често со крај кој не изненадува, па оттаму дејствува уште позачудно. Убава комбинација на поетски слики и детска фантазија.

 

********************

Пеперутката
како малечко дете
игра со крилце.

Мошне длабоко
во човечкиот мозок
живее мравка.

Посакувајќи
да те дофатам тебе
кружам низ воздух.

Со шепотење
и малите дечиња
си кријат тајни.

Ноќните средби
на полиците со прав
во книгите се.

Чекор по чекор
галопот на утрата
раѓа нова страст.

Искушение
на секоја снегулка
и’ е сонцето.

Во дланка мала
дете сака да скрие
некој пријател.

Со вистината
остануваме сами
и многу тивки.

По една ѕвезда
со жар очекуваме
да падне врз нас.

Секој ден мирно
во долгите починки
си размислувам.

Секоја боја
си има своја душа
во природата.

Нарацијата
на нашите подвизи
е само расказ.

Длабоката ноќ
скриените стравови
ги приближува.


Мравка си игра
со зрно од пченица
најдено на пат.

Сонливо врапче
ги протега крилјата
и гледа е ден.

Мистериозно
сонцето се сокрива
од сите ѕвезди.

Врата на ѕидот
молчејќи отвараме
за влез во друг свет.

Осознаваме
кога болката во нас
ќе завладее.

Нерешително
со шегите речени
градиме живот.

Радоста блика
од пупките на цветот
секоја пролет.

Мојата баба
ме бакнува в чело
секоја Прочка.

Вечните нешта
си ги запишуваме
да не исчезнат.

Во огледало
го гледам второто „јас“
кога сум тажна.

Кога патувам
собирам пријатели
покрај себеси.

Пеперутката
ми слетува на дланка
во изгрејсонце.

 

 

Драгана Евтимова е родена 1984 година во Скопје. Дипломирала  на Филолошкиот факултет во Скопје. Моментално е на додипломски студии на катедрата за Македонски јазик – словенечки јазик.

За нејзината прва поетска збирка „Постоењето на динамиката“ е добитник на прва награда, за најуспешна необјавена поетска збирка, на конкурсот кој во 2005 година го објави Сојузот на студентите на Филолошкиот факултет во Скопје. Објавувала во алманасите на студентскиот кружок „Мугри“, „Лоза“, „Стремеж“ и во www.reper.net.mk.

На литературниот натпревар во Панчево во 2008 година е добитник на награда за расказ. Учесник на Струшките вечери на поезијата во 2008 и 2009 година. Застапена е во Антологијата на новата поезија од ЈУ просторите 2009 година.

Пишува поезија, кратки раскази, драма и хаику поезија.

Цртежи: Владимир Лукаш

dragan stojanov st

bravo,  jas sum vooduseven od ovie kratki sliki. Iscisteni od sekakva narativna sueta, tekstovite probivaat vo obicniot svet, za da potsetat kolku sme zaboravile da se raduvame. Radost! Bas taka bi gi narekol tivkite sozercanija na Dragana Evtimova. Prv pat se sretnuvam so ova ime i bez predrasudi ja doziveav ( da se nadevam ) umetnosta koja saka da zivee.
Bi i se obratil na avtorkata so edno DLABOKO haiku:
Moshne dlaboko
vo coveckiot mozok
zivee mravka...

KADE MOZE DA SE KUPI KNIGATA?

KADE MOZE DA SE KUPI KNIGATA? NAVISTINA BI MOZELA DA BIDE INTERESEN PODAROK ZA NEKOJ DRAG COVEK!!!

Prefineto! Interesno i

Prefineto! Interesno i aktuelno. Se raduvam shto ima vakvi avtorki.Bi sakala neshto drugo da prochitam od avtorkata.

Dragance samo napred!

Dragance samo napred! Ubavinata na zborot izleguva tokmu od knizevnosta...

Горди сме на младите,

Горди сме на младите, талентирани креативци како Драгана. Гоу он грл! :)

А Лукаш?! Никој да ги пофали

А Лукаш?! Никој да ги пофали генијалните цртежи на драгиот ни Лукаш!? Луки, уз тебе сме!

Лукаш е цар! Одамна се гледа

Лукаш е цар! Одамна се гледа тоа на Окно :) Лукаш не се давај!!! :))

dali ke ima nesto novo od

dali ke ima nesto novo od avtorkata? jas sum iskusen citatel, no sepak - navistina sum trognat od cistotata na ovie haiku, iznenaden, duri renesansno zasramen. Pokraj seta ovaa mrtva psihodelicna postmoderna okolu nas, eve nekoj odmor za duhot. Da se vdise iskrenost. Da se vdise bukva, red, stih. Potocno - da se vdise i vozduh, ni e dovolno, samo ako ne tera kon spoznanie...

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото