Чудни и морничави винтиџ постери

08.02.2016 15:58
Чудни и морничави винтиџ постери

Пред појавата на телевизијата и радиото, единствениот начин да се допре до јавноста бил со печатење на големи и впечатливи постери. Театарските претстави, немите филмови и оперски претстави се рекламирале со колоритни слики залепени на ѕидови или огради. Повеќето од нив се изгубени или уништени, но уметничката галерија Century Guild во Лос Анџелес има колекција на чудни и мрачни принтови од Германија, Австрија, Франција и Италија, кои датираат од 1880-1890 година.

„Она што е највпечатливо околу овие постери е современоста на визуелната порака која тие ја носат“ – вели основачот на галеријата, Томас Негован. „Го перцепираме векот преку темно тонираниот објектив кој и дава чудна димензија на сликата, но сепак, на тој начин согледуваме дека светот тогаш бил исто толку динамичен и возбудлив како и нашите денешни животи.“

Кокаин

„Постерот погоре е реклама за париски мјузикл од пет чина за кој веруваме дека е направен во 1923 година“ – вели Негован. „Очајно се обидуваме да пронајдеме историски информации за него, но ако судиме по плакатот, се чини дека мјузиклот бил вистинско шоу!


Танцот на смртта

„Постерот е направен за немиот филм на Фриц Ланг, насловен „Танцот на смртта“(The Dance of Death). Зад него стои приказна за една фатална жена која ги мами луѓето и ги носи кон нивната смрт, сè додека таа не се заљуби во една од нејзините потенцијални жртви. Постои само една копија од овој постер со оригиналниот текст на англиски јазик.“


Сифилис

„Плакатот насловен „Сифилис“ (La Syphilis), бил направен со цел да ги предупреди белгиските војници кои се враќале од фронтот, за опасноста од „француска сипаница“. На постерот е прикажана една опасна жена која, заводливо и заканувачки стои околу поле со гробови.“


Опиум

„Немиот филм „Опиум“ од 1919 година бил објавен во затишјето, во време на ограничувачките цензури по Првата светска војна. Толпи луѓе со недели стоеле наредени околу блокот, за да ја видат прославата на декаденцијата и сексуалната слобода.“


Alraune

Alraune е наслов на филмот кој е снимен во 1918 година, базиран на романот на Ханс Хајнц Eверс, чија главна тема е суеверието дека вештерките го користат коренот на мандрагората и семето на обесен човек за да се оплодат. Детето кое ќе се роди како резултат на тој процес, расте за да остави трага кај мажите, вклучувајќи го и човекот кој ја создал. Овој филм е еден од најраните хорор филмови.“


Жртвите на алкохолот

„На постерот е илустриран текот на развој на немиот филм од 1911 година. Во приказната станува збор за еден посветен сопруг и татко, кој наеднаш ќе се најде сам во лудница, како последица на неговите искуства со абсинт.“


Teatro alla Scala: Верди

„Во 1913 година, диригентот Артуро Тосканини ги собрал најдобрите изведувачи во тоа време, во чест на стогодишнината од раѓањето на оперската легенда Џузепе Верди. Ова е еден од најретките постери кој некогаш сме имале среќа да се најде во нашата галерија. Оригиналот е величествен, и постојано изложен во галеријата. Постерот го изработил Џузепе Паланти, кој му бил долгогодишен сценограф на Џузепе Верди.“

Единаесетте егзекутори

„Единаесетте егзекутори“ (The Eleven Executioners) било името на првото популарно кабаре во Германија, а неговата главна тема бил политичкиот хумор. Пејачката Марија Делард имала инзвонредни и атрактивни изведби. Овој постер потекнува од настап од 1902 година.“


Распутин

„По пропаѓањето на „лудиот монах“ Распутин, голем број филмови ја прикажувале приказната за неговиот фасцинантен карактер. Ова е еден дански постер од 1920 година.“

Анти-алкохол

„Постер направен за кампања против алкохолот, од 1912 година.“


Елимин

„Застрашувачка реклама за отров за бубачки, од крајот на 19-от век.“


Сенки и светлина

„Постер за рекламирање на танцувачки перформанс во Минхен, од 1919 година, базиран на приказната „Убавицата и ѕверот“. Сликата потсетува на современото јапонско аниме.“

Извор: www.theguardian.com

 

ОкоБоли главаВицФото