Зошто интервјуто на Заев на Сител со Латас беше добро за соочување со вистината?

11.02.2016 02:08
Зошто интервјуто на Заев на Сител со Латас беше добро за соочување со вистината?

Како прво, уште еднаш се покажа и докажа храброста на Заев да му се спротивстави на режимот на телевизија што е една од најголемите нивни одработувачи (ако не и најголем). Сам, во нивна телевизија, пред цела македонска јавност. Со залудни обиди на зумирање со камерата да изнудат реакција на нервоза и бес, Заев не трепна. Влезе во битка која можеби не очекуваше да биде толку валкана, но се спротивстави..се разбира, кога имаше и добиваше шанса да дојде до збор.

Како второ, ова интервју е многу важно и претставува вистински доказ и увид од прва рака за меѓународната заедница да види со какви медиуми располага Македонија, како тие се диктирани и дека треба да се реформираат под итно. Поканата на Заев во вестите на Сител и Канал 5 претставуваше само фарса и демонстрација дека сепак постојат реформи во медиумите, но Латас со неговиот денешен однос сето тоа го фрли во вода и им ја изгуби битката на ДПМНЕ за медиумите. Се виде и се докажа дека режимот располага само со навреди и манипулации за лична дискредитација за оној што најмногу им се спротивставил. До сега Заев едно 10 пати ќе го уапсеа ако имаше нешто што е спорно и незаконски против него и неговиот бизнис или неговото работење како градоначалник. И она, „лажеш како Турчин“ не е ништо помалку од навреда кон едно големо малцинство што живее во Македонија, а исто така и кон голем број инвеститори од Турција што работат и помагаат за развој на Македонија.

И како трето и најважно, граѓаните што сè уште се колебаат и се неопределени, ако до сега не видоа, сега можеа да бидат сведоци и да ја сфатат разликата меѓу режимот и човекот што се бори против него.

Ова интервју е доволен доказ за сите да видат во каква земја живееме, како се манипулира со неа, кој владее и како владее, а исто така и да видат кој застанал храбро и бескомпромисно да му се спротивстави на тој голем змеј. Борбата за слободна Македонија продолжува!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото