Требаше, и тоа како требаше Заев да оди во Сител

11.02.2016 14:19
Требаше, и тоа како требаше Заев да оди во Сител

Требаше и тоа како требаше Зоран Заев „да оди во Сител“. Да не развиваме непотребни дилеми. Зоран Заев не отиде Таму заради себе, туку ЗАРАДИ НАС. Не отиде за да го разобличи одамна Разобличениот, а кого сите ние „го пораснавме“, ѓубрејќи му ја почвата не само нему, бидејќи Тој не е единствениот Таков. Зоран Заев отиде за да ни помогне да се видиме кои сме, какви сме и што сè ни се правело, прави и ќе ни се прави доколку сè уште се думаме околу природата на Режимот кој во Македонија се однесува полошо од сите окупатори, а на кои СОРАБОТНИЦИТЕ, како овој Разобличениот, сегогаш им помагале, влечејќи (краткотрајна) корист, платена со нашата крв.

Зоран Заев не отиде Таму за да покаже и докаже дека е светец, туку за да покаже дека нештото што сите го именуваме како народ, НЕ ПОСТОИ! Народ, тоа сум Јас, Ти, Тој, со име и презиме и доколку, малку од малку, успеа да нè просветли со неговата, да, да, жртва, неговата мисија ќе даде плодови.

Точно цела година Зоран Заев стои напред, ги подметнува градите, ги прима ударите на фашистичката солдатеска, а ние (барем некои од нас) стуткани во нашите усмрдени кожуфчиња глумиме љубезни комшии, цивилизирани граѓани, индиферентни (полу)интелектуалци, гордеејќи се со одвратните пароли на мувлосаниот ум дека „Сите се исти“, „не сум по политиката“, „не сум по партиите“, „имам деца за гледање“.

Е токму таквите кои мислат дека Злото му се случува на Другиот, дека неволјите ќе го заобиколат, дека во „калабалакот“ ќе се сокријат и никој нема да ги види, ги чекаат ваквите како Разобличениов исцедок и бандата која господареше со нашите животи во изминатите десет години.

Да се разбереме, на вака моделираниот пат до слободата, а кој некои од нас сè уште одбиваат да го видат, признаат како, барем досега, единствениот успешен според резултатите, (кој знае да „чита меѓу редови“ можеше синоќа да се увери дека дури и Разобличениот тоа го признава) нè очекуваат уште многу премрежја, уште многу пати некој „Зоран Заев“ ќе мора да застане пред нас. Не смееме само да му се восхитуваме (лајкуваме!), туку патот/борбата да ја започенеме од дома. За почеток, далечинското за телевизорот е ваша сопственост, па повелете, исклучете ја од менито ТВ станицата на Разобличениот.

П.С. Момченцево ги навреди(ло) Турците, па се извинило. Ниту прв, ниту последен. Но, каде се тие што ги навредувале Турците кои, барем по едно се познати: Не остануваат должни!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби