Барокни разгледници (5)

15.02.2016 12:33
Барокни разгледници (5)

На нашиот вљубен кандидат за пратеник, на нашиот оловен војник во војската на царот Николај, кој во ист миг, конечно и трагично ја нашол и изгубил својата балерина, на нашиот вмровски лав, срцето му се парчосуваше како Македонија за време на Првата светска војна... Шмизлата со своите зборови, како со Букурешки договор, сурово и безнадежно, му го расече срцето на три дела (...а четвртиот дел... четвртиот дел, Австралија). Оваа невозвратената љубов на Шмизлата кон Кандидатот, замислете, невозвратена љубов кон иден пратеник на ВМРО, многу лесно можеше да се претвори во сценарио за тажна турска серија, ете колку голема беше болката во лавовските гради на Вљубениот Кандидат. Го болеше, како што ги болело комитите кога ќе активирале бомба под својот газ, несакајки живи да се предадат на турскиот аскер, го болеше како да го набиле на кол поради селско востание, го болеше... а сета таа болка како лек во него изроди една спасоносна мисла – „А да ѝ ја фукнам една меѓу рогови и да ја силувам!?“ Па следејќи ја онаа нивната партиска максима – „избери дела“, Кандидатот замавна во обид да го стори замисленото, да го стори тоа во име на партијата, во име на чесната Македонија и гордите Македонци... Но само миг пред неговата орангутанска тупаница да ѝ ги изброи сите ѕвезди на Шмизлата, стаса порака од комесарот Мартин Мистерија. А во пораката се наредуваше: „Не убивај! Оти потоа Гоца Брк ќе биде многу нервозна оти не може да скрие убиство. Не убивај... а ако сепак убиеш, сети се – Не си ти крив! За сè е крив Бранко!“

...Бранко е крив! Бранко е крив! Бранко е крив... Оваа беше една од најдолготрајните и најделотворните мантри излезена од квази-патриотската лабораторија на комесарот Мартин. Па мантрата не само што го смири Вљубениот Кандидат, туку таа вдахна нова надеж во него, му влеа кураж да се обиде уште еднаш да ја заведе Шмизлата, сепак да се обиде со зборови... За тупаница меѓу рогови секогаш има време, да го оставам тоа за последниот изборен круг, а сега е вистински миг да се обвини Бранко.

- А Бранко што отпушти 200.000 работници! А бонбона бизнис и на Рада станчињата? А едно евро кај Вицето? – Така Кандидатот фрли ас во оваа игра на љубовен покер.
- Сè уште ли е Бранко крив за сè? – Се фати во оро и Шмизлата.
- Па како мислеше ти!? Кој друг ако не Бранко?!?!?!
- Сакаш да ме убедиш дека овие твои не крадат, а бе ајде... Дојдоа у парламент со ЈСП, а сега мерцедеси, ферари, ровери... Дојдоа у одела купени од Бит пазар, а сега Пјер Карден, Хуго Бос, Ла Коста, ти реков-ми рече... тоа калаштурите, на нозе имаа чизмички крпени со кожички кај чевлар, а сега Прада, Ермес, Луј Витон... Тука не можеш да ме лажеш, барем у мода се разбирам... Сето тоа – Пуно кошта! Од кај им се парите, ако не краделе?!


- А демек оние пред нас не краделе!? Можда се краде, ама се гради!!! Се гради! Оние што изградија... ништо! И не треба да се збори така паушално, без докази, демек – купиле бољи штикли и појаки одела, па можда штеделе луѓето од плата, па си купиле... за коли има кредити... Не можеш така да збориш и да обвинуваш, а да немаш сигурни докази...

- Докази?! Еве ти доказ. Слушај сега што ќе ти раскажам за еден мој комшија од маало. Беше семкар, голтар, а бе куче немаше за што да го уапе... Еден ден се ашкал така по улици како и обично, и одеднаш заврнал дожд, порој, а бе потоп... Гледа човекот наоколу, нема кај да се скрие, оти било после еден навечер... Сè затворено... мислел готово, ќе се удави, такво невреме било... кога гледа у една кафана гори светло... и тој, ни пет ни шест, трчанката внатре. У себе немал ни скршена пара, ти реков, голтар, клошариште, ама си рекол, на вакво невреме, колку и да не се луѓе, ќе ме примат и без пари, барем од холот нема да ме избркаат. И семкарот, со таква дилема у глава, те – ќе ме пимат, те – нема да ме примат, утрчал таму кај што горело светло, и уште од вратата свикал: „Ве молам! Примете ме! Аман-заман, примете ме!!!“ Овие што биле внатре, а бе онемеле од чудо. Се изненадиле луѓето. Дури некои почнале и да аплаудираат!!! Кога почнале да аплаудираат, на овој комшијата мој му станало сомнително, се зачудил семкарот, не можел да разбере за што се работи. Тогаш се свртел лево-десно, разгледал околу себе и има што да види. Тоа да ти не било кафана, туку да ти било штаб на тие твоите, на ВМРО-ДПМНЕ! Ми вика – „Се сцрвенив. У земја ќе пропаднев!“ А јас му викам, а бе глуп семкар, до толку ли да промашиш, до толку ли да не приметиш, па ваљда има разлика меѓу вмровски штаб и кафана?!“
-Има разлика!
- Има, па и нема... Барем така вика овој копуков, за кој ти зборам. Вика дека у тој штабот, кај што влегол, овие што биле внатре си пиеле, си мезеле, тоа трештело – Цеца – Меца, Адил – Фадил... разликата било у тоа што, у кафана кога си, се знае кој пие, ама се знае и кој плаќа... а у штабот, барем тој така вика, не се знае ни кој пие, ни кој плаќа... Односно, сите пиеле и јаделе, а на крај никој не плаќал.
- Е не е баш така... на крај сè оди на про-фактура. Слично е, ама не е исто...
- Значи така е у секој вмровски штаб?! Па вие што правите по тоа штабовите, се пијанчите или политика водите?
- Не реков јас така... Не ми пикај твои зборови у моја уста... Почекај малце. Сега јас ќе ти објаснам...
- Почекај сега ти, да ти докажам што се случило со семкарот... Биди бе малку парламетарен. Каков пратеник ќе бидеш ти ако вака не ме оставаш да се доискажам!
- Па... вмровски пратеник...
- Слушај бе ваму! – Вресна Шмизлата - Значи, сега зборувам, јас а ти слушаш... тоа се вика парламетарна демократија... Ме разбираш?
- Да...


- Тогаш молчи и слушај... Тој комшијата мој, упаднал што упаднал у штаб на ВМРО, мислејки дека е кафана. Ама, иако е семкар, тој уопште не е наивен, собрал човекот два и два, надвор на дожд не му се излегувало, внатре топло, муфте ракија, гага мезе... А нели, кога влетал, викнал - „Ве молам! Примете ме! Аман-заман, примете ме!!!“ Овие внатре помислиле дека сака да се зачлени у партија и се воодушевиле од неговиот пристап, од неговиот ентузијазам. Тој ми тврди дека се пишувало насекаде за тоа негово зачленување, по сите весници и портали. Го имало дури и на телевизија. Му велеле, а бе ние мора да ги уценуваме со работни места, со тендери, со дипломи, само за да извадат книшка кај нас, а ти така трчајќи, целиот решен, посветен. А пак, не е тој будала, да им каже дека влегол само за да се спаси од невремето. Лично Груевски му ја врачил книшката, на свечена седница. Ми вика – аплауз, аплауз, аплауз, како на концерт на Хари Мата Хари. Што да ти кажувам, г’злак невиден, ама и има кликер за такви ујдурми, а знае и да се упикуе... И така, земал тој и веднаш, како што е ред кај вас таму у партија, избацувал тој сè што треба... Бацил прво тоа ножот и пиштолот, потоа бацил и крст, па ја бацил сликата на Никола Груевски... Потоа му бацил рака секому кому треба да се баци рака, па од бацување раце се префрлил на бацување газови... Ама знаел тој каде, како и колку пати треба да баци... И така, комшијата мој, од семкар, за година-две стана градоначалник! И еве го сега, пун е кеш како швајцарска банка, пред тоа акаше по улици оти немаше каде асално да преспие, а сега не знае у кој стан, у која куќа да оди да си легне... Од злато, имаше само златен зуб, а сега како дома да чува кокошка која несе златни јајца... поточно златни синџири и златни крстови... тоа ватот му е свиткан од златото што го обесил околу глава. Порано асална гола женска имаше видено само по тоа постерите од Плејбој кои му беа залепени у тоа семкарата, а сега го гледам, еден ден со една, друг ден со друга, трет ден и со двете... Ете, тоа ти е, му се смени животот за сто и осумдесет степени, и тоа од едно погрешно влегување , наместо у кафана, во вмровски штаб, и тоа поради невреме... Ми вели: Тоа со дождот беше знак, знак од бога... вели, ме виде господ... Си викам, не те видел, туку те измочал господ, врнело, абдал еден... ама ај, со кого да се објаснуваш... Оти џабе му е сè, еднаш семкар, засекогаш семкар... оти тој не само што продаваше семки, туку таков и си беше, семкар у душа! Да ти кажам право, сега откако стана градоначалник, ме нервира многу повеќе, се осмелил, и секогаш кога ќе ме види, ми се лигави, му се влече тоа јазикот по земја, мислиш ќе ми ја излиже на сред улица. И секое видување ми го збори истото: „А бе ајде дај ми, дај ми бе, ако ми дадеш ќе ти дадам стан. Дај ми бе, дај ми, дај ми ќе ти дадам плац на Водно! Дај ми, дај ми, ќе ти дадам работа, ќе ми бидеш секретарка! Дај ми, дај ми, ако ми дадеш ќе добиеш се што ќе посакаш!“ И еден ден ми скурчи, и знаеш што му реков: „Семкар! А бе ај ќе ти се смилувам и ќе ти дадам. Ама ти прво треба да ми откриеш една тајна!“ „Која тајна!?“ -прашува и веднаш се надева, очите му се вртат како на слот машина, и си ги трие нозете една од друга како да свршил.. – „Зошто ти, како градоначалник, на секоја раскрсница у населбата, градиш цркви, наместо да поставуваш семкари?! Кој не те знае, ќе си помисли дека пред да станеш градоначалник си бил поп, а не семкар!?“ Кога ме слушна, пукна. Се вцрвени, почна да му чади од ушите... Ама од друга страна, толку е полуден по мене, толку му се сака да ме има, што можам да го гмечам како дете пластелин. Откога стана градоначалник, никој у населбата не смее да му каже „семкар“. Сè би дал да може тоа „семкар“ како со гумичка да им го избрише од мозокот на соседите. Ги малтретира луѓето, душата им ја вади, ама мене не смее ни да ми пререче. Ми вика – „Ај, те молам, не ме викај така... А јас му викам – „Семкар! Ќе ми кажеш зошто градиш цркви на секоја раскрсница или да си одам“. „Ако ми дадеш, ќе ти кажам!“ „Е ајде, кажувај!“

- И? – Подзевна заинтересирано муцката на лавот...
- И... Ми кажа. Вели, кога нешто, што било, ќе земеш да градиш, тогаш најубаво можеш да крадеш! А градоначалник кога гради, двапати повеќе краде! Ама црква кога се гради, трипати повеќе пари се вадат! Крадеш и од народот, и од поповите, и од господ!
- А бе не тоа – и! Другото –„и“!?
- Кое „и“!?
- Па, дали му даде?
- На што ти личам јас тебе, на семкарка? Зар на таков да му дадам?
- Значи, и семкарот го издувал... Издиша и се успокои имбецилната суета кај големиот“ македонски маж, маж кој муда шкопи само ако некој го нарече Македонче наместо Македончиште.
- А тебе тоа те интересира... Се згрози Шмизлата, кај која, за чудо, се покажа дека зад скулптурните, антички облини, сепак има и сива мозочна маса, дека низ нејзините мозочни виуги, сепак се вртат некакви мали но упорни тркалца - Јас му зборам како човек од голтар станал милионер и тоа само зашто земал партиска книшка, зашто бакнал таму нож и кама, а него види кај му оди умот... Сфаќаш ли ти за каков грабеж се работи тука, сушење, бричење на суво... А бе обичен семкар беше човекот, пес немаше за што да го гризне, и по неколку години власт, сега тој е како господ за муда да го фатил... Ти зборам за милиони и милиони евра, ти зборам за криминал направен врз вера на луѓе во господ, криминал направен врз доверба во некого дека ќе работи за доброто на сите, за доброто на општината, за доброто на градот, државата... Јас не знам што луѓе сте вие, како можете така, како можете да се богатите врз злоупотребена доверба на свои пријатели, на свои први соседи, злоупотребени очекувања на своите браќа и сестри, врз злоупотреба на вера и верба во господ! Еј! Градел цркви, за да така украде тројно повеќе?!
- Важно се гради! Тоа е важно! Можда малку се краде, ама важно се гради!
- Важно се гради!? - Луто му ги потули цицките во очи. - Вакви ли гради? А? Ова ли е важно?! Море ќути, мислиш не ве знам какви сте! Како дишете! Вам ви било важно да се гради!? Вам, на таквите како тебе и семкарот, само вакви гради, само на вакво градење, само на вакви гради ви оди умот! Важно се гради!? Важно, женски гради да се, па какви и да се...
- Е сега... Овие твои, тоа се стварно гради... Вакво градење е побитно од секакво крадење...
- Ете си призна... Долга била раката на ВМРО? Така се вика?
- Да, така...
- Е тоа е точно... а зошто се вика така... оти сите вие имате долги раце како орагутани, долги раце, за крадење и цицки фаќање! Ајде сега прави како орагутан... ајде! Како мајмунче... Ајде што чекаш!?
„Требаше веднаш да ѝ фукнам една меѓу рогови и да ја силувам!“ – си реплицираше сам на себе Вљубениот Кандидат, во својата бандоглава вмровска глава, си реплицираше и замавна...

(продолжува)

Кон првиот дел
Кон вториот дел
Кон третиот дел
Кон четвртиот дел

Слики: Fran Recacha

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото