Инсталација на Аи Веивеи за бегалците: 14 илјади појаси за спасување на концертна сала во Берлин

16.02.2016 11:44
Инсталација на Аи Веивеи за бегалците: 14 илјади појаси за спасување на концертна сала во Берлин

Кинескиот уметник и активист Аи Веивеи искористи 14.000 бегалски појаси за спасување во најновата инсталација со која сакаше да го привлече вниманието на големот број бегалци кои се удавиле на патот до Европа.

Веивеи ги постави појасите на столбовите на берлинската Концертна сала, истовремено додека во овој град се одржува Берлинале, филмскиот фестивал.

Ова не е првпат Веивеи да се обиде да ја подигне свеста на јавноста за проблемите на бегалците. Пред извесно време, тој позираше како Ајлан Курди на истата плажа на која беше пронајдено телото на несреќното удавено момче.

Минатата недела, ја затвори својата изложба во Копенхаген, протестирајќи против новите дански закони за имиграција.

Веивеи планира да направи меморијал за бегалците на Лезбос, островот на кој преку Средоземното Море стигнуваат најмногу бегалци и чии жители се номинирани за Нобелова награда за мир.

Извор: Radio Sarajevo