45 години од првиот испратен е-мејл

16.02.2016 13:14
45 години од првиот испратен е-мејл

Не се сеќава што точно напишал. Едноставно, не му паднало на памет дека еден ден тоа прашање ќе му го поставува секој студент на информатичка технологија, новинар, техничар, историчар, па дури и неговото семејство. Во тој момент не му паднало на памет дека работи на иновација која еден ден ќе го промени начинот на глобалната комуникација, односно дека еден ден неговиот изум ќе го користи цел свет.

Не станувало збор за првите чекори на Месечината, па како Нил Армстронг, да требало да смисли нешто значајно, како на пример: „Ова е мал чекор за човекот, а голем за човештвото.“ Денес, 45 години подоцна, тој моментсе слави како ден кога е испратена првата електронска порака, односно е-мејлот. Тоа се случило во 1970-та година, а Рејмонд Семјуел Томлинсон, тогаш триесетгодишник, работел во техничката компанија Bolt Beranek and Newman, која и денес постои, но под името BBN Technology (MIT). Учествувал во развојот на системот Tenex, вклучувајќи ја и ARPANET (Advanced Reserch Projects Agency Network), системот на кој денес се базира интернетот.

Рејмонд Семјуел Томлинсон

Во време на „изумот“ на електронската пошта имал триесет години и работел во техничката команија Bolt Beranek and Newman

Типката „испрати“

Неговата задача била да ја смисли програмата за испраќање „пакети“ или датотеки, за што ја напишал програмата CPYNET. Целта на програмата била да се испратат датотеки во ARPANET, односно испраќање пораки на други корисници кои го користеле истиот терминал или компјутер. Во тоа време, еден „мега“ компјутер го користеле неколку луѓе, а неговиот систем ги вмрежувал другите компјутери кои биле приклучени на истиот систем.

Тој ден Томлинсон седнал покрај терминалот, испишал неколку непотребни букви, и притиснал на типката „испрати“. Со праќањето на пораката од едниот до другиот терминал, станал првата личност во историјата која испратила електронска порака. Испраќањето и читањето на првите мејлови пред 45 години значајно се разликувало од денешната пракса. За корисникот да го прочита мејлот, морал во компјутерот да внесе команди по одреден редослед, по што пораката би излегла во истипкан облик со брзина од десет знаци во секунда, и тоа на принтер кој бил поврзан со компјутерот. Пораката се прикажувала исклучиво во големи печатени букви.

Идејата зад електронската пошта била на секој корисник на одреден компјутер да може да му се осигура дигиталното поштенско садаче во кое би се наоѓале сите пораки кои биле насловени на негово име. Секој компјутер имал физичка и дигитална адреса, а токму затоа настанал и прочуенито симбол „@“. Со впишувањето на локацијата на компјутерот, пораката се доставувала само на насловената личност која била регистрирана на одредена локација. На пример, Tomlinson@ARPANET.

Од првиот е-мејл во историјата, до комерцијалната примена на услуги ќе поминат две десетлетија. Поточно, првите бесплатни е-мејл сервиси, како што се Hotmail и Rocketmail, се појавиле дури во 1996 година, а веќе четири години подоцна, во просек секојдневно ќе бидат испратени отприлика околу 9,8 милијарди електронски пораки.

Во западните земји е-мејлот одамна ја преземал улогата на службена комуникација, улога која некогаш ја имала класичната пошта. Што и да сме мислеле за испраќањето мејлови, не постои дилема околу тоа дека денес со електронска пошта работат речиси сите поголеми компании, влади и организации, а исто така преку мејл комуницираат и членови на семејства, љубовници, пријатели итн.

Од првиот мејл во 1971 година до денес, многу нешта се промениле, но неспорно е дека врз основа на првите дигитални пораки се развиени бројни денешни апликации кои ја преземаат главната улога во дигиталната комуникација, а „мејл“ комуникацијата преминува во заборав. Во денешо време, во Силицијската долина најчесто поставуваното прашање е: Што ќе го наследи е-мејлот?

Arpanet

Системот кој му претходел на интернетот некогаш се одржувал со четири „мега“ компјутери. Со еден таков е испратен првиот мејл.

Симболи

Со појавата на широко распространетиот интернет, низ платформите за соработка е овозможена таканаречената real time комуникација. Замислете, на пример, договорот кај нотар да се потпишува со дигитален сертификат, на научниот труд кој се пишува на два универзитета, да можат да работат двајца научници истовремено. Па дури ни документите на кои се темелат законите, веќе не патуваат од канцеларија до канцеларија преку пошта, за да стигнат дури по неколку недели.

Сето тоа е можно поради користење на рзлични платформи кои се достапни во реално време. Најпозната таква платформа е Google Drive, по пат на која можат да се читаат, менуваат, делат и надоградуваат документи во дигитален облик. Овозможено е дури и оставање одредници, коментари, забелешки за одредени корисници, со користење на симболот @.

Слично функционираат и други платформи, на пример, Trello, Zendesk, SurveyMonkey, Giphy, Join.me, Harvest, Correlo, Evernote итн. Компанијата Robert Half Technology, во 2011 година испитала повеќе од 1400 директори за да дознае колку често се користи „real time“ технологијата. Повеќе од половина испитаници рекле дека сметаат дека до крајот на 2016 година користењето на е-мејлот ќе стане вистинска реткост.

Моментално во светот има повеќе од 2586 милијарди корисници на е-мејл адреси, вклучувајќи ги приватните и службените корисници.

Во рок од еден час се испраќаат 122.500, 458.020 меилови

72% возрасни Американци испраќаат или примаат приватни мејлови по пат на паметен телефон

72% од корисниците велат дека е-мајлот е нивниот омилен начин на комуницирање со компанијата со која соработуваат

61% од испитаниците велат дека сакаат да примаат промотивни мејлови на неделна основа

66% од потрошувачите купиле онлајн производ, бидејќи по пат на мејл примиле комерцијална порака

До 2017 година 1, 779 милиони луѓе ќе пристапат на својот е-меил преку мобилен телефон

30% од корисниците денес ги читаат своите мејлови исклучиво на паметен телефон

Е-мејлот е четириесет пати подобар начин за привлекување нови корисници од Фејсбук или Твитер.

Извор: Globus


Слични содржини

Свет / Технологија / Историја
Графички Дизајн / Наука / Технологија
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја
Технологија / Живот / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото