Жителите од ул. Макси Ѓорѓија

16.02.2016 15:28
Жителите од ул. Макси Ѓорѓија

Во услови кога пропагандните мегафони на власта трубат за „сечени, лепени, креирани, монтирани...“ докази за владиниот криминал, активистите од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“ решија и пластично, на пародичен начин, да покажат како изгледа во стварноста еден од најголемите изборни скандали во Македонија, за кој јавноста дозна благодарение на опозициските бомби - увезувањето гласачи од Пустец кои се пријавени во голем број на една иста адреса.

Тие одржаа перформанс во „стан на отворено“, во кој беа сместени 50 - што би рекла Гордана Јанкуловска - човечиња во 40 метри квадратни. Се разбира, на улицата „Макси Ѓорѓија“, како што ја нарече еден, сега веќе славен, гласач од Пустец.

„’Македонија вселува – 50 луѓе во 40 м2’ е проект на властите во државата со кој се вршела интервенција во избирачкиот список и за чие извршување противзаконски се здружувале министри, судии, вработени во државна администрација и други јавни функционери. Овој проект е поигрување со здравиот разум на сите граѓани од Македонија, но и газење врз чувствата и достоинството врз Македонците од Пустец“, го коментираат активистите својот перформанс.

Подолу можете да ги погледнете фотографиите на Ванчо Џамбаски од животот на овој гласачки контингент: Се забавуваат, слават, на гласање одат сите заедно, организирано, со по пет лични карти секој... „Циркус Медрано!“, би рекла поранешната министерка за внатрешни работи, а сегашен осомничен криминалец.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото