Жена на бербер

18.02.2016 14:17
Жена на бербер

Берберот сам во берберница. Влегувам и прашувам:

- За шишање може?
- Може, ми вели.
- Повелете.
И јас влегувам. Седнувам на берберското столче. Тој ми ја става наметката и ми вели:
- Како секогаш, така?
- Да, одговорам.

Тој ја зема машината и почнува да ме шиша, а одвреме-навреме фрла поглед кон телевизорот каде се прикажува фудбалски натпревар. Се подразбира, та нели сме во берберница. И така јас повлеков нога и во следните десетина минути петмина веќе влегуваат, уредно седнуваат и чекаат на ред. Но, нешто чудно се случува. Кој како влегува кажува „добровечер, за шишање може?“ и седнува.
Натпреваров на големо се дешава, сите гледаат, ама како да гледаат балет. И да, одвреме-навреме погледнуваат кон мене.

И тогаш контам. Сум го узурпирала до максимум нивниот машки свет. Жена во берберница?! И сега што да се прави?! Молчат и тивко во себе навиваат берберов да ме ишиша што побргу.

Тој ја вади наметката и чувствувам олеснување во атмосферата, ама кога берберот го става пешкирот за да ми ја измие главата, затегнатата атмосфера уште поголема од претходно.
И конечно, со исклучување на фенот јас станувам од столчето.
- На здравје, вели берберот.
- Здравје да имаш, возвраќам додека плаќам.

Се облеков, излегов. Почувствував како пет пара очи со задоволство ме испраќаат, да не кажам ме избуткаа надвор.

Извините мажи, ама за три недели пак ќе дојдам на бербер! Навикнете се!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Chuck Styles

ОкоБоли главаВицФото