Казнето куче чијшто сопственик вршел голема нужда во парк

19.02.2016 02:58
Казнето куче чијшто сопственик вршел голема нужда во парк

Скопје, 19 февруари 2016

Златен ретривер чијшто сопственик П.М. извршил голема нужда во Градскиот парк во Скопје, е казнет од полицијата на лице место.

На расното куче Жолтко од Центар утрово му е изречена парична казна од 10.000 денари, бидејќи неговиот сопственик се олеснил среде јавна површина. Полицијата го затекнала на лице место, реагирала навремено и му изрекла казна на арогантниот пес кој не сакал да го собере изметот зад својот газда.

„Постапивме според важечките прописи од новиот закон кој ни овозможи поголемо овластување во обезбедувањето на јавниот ред и мир. Имаме апсолутно право на престапникот, во овој случај кучето Жолтко, да му одредиме казнена мерка и да му ја врачиме веднаш. Со оглед на тоа што кучето не се бунеше по изречената казна, веројатно свесно за својата вина, немаше потреба да го приведеме во најблиската кафилерија, иако сега сме овластени и за тоа“, вели еден од полицајците.

Жолтко има рок од седум дена да издвои од својот џеб средства за казната. Единствен кој имаше нешто против изречената мерка беше неговиот сопственик, кому не му беше најјасно зошто му го казнуваат домашното милениче.

„Во тој момент бев клекнат зад дрвото и не видов најдобро што толку згрешило моето куче. Но, со оглед дека казната му е изречена нему, без моја согласност, кучето нека им плати“, вели газдата на овој ретривер.

Извор: www.njuz.net