Потемкинизација

19.02.2016 03:15
Потемкинизација

Сега слушам дека „Дамјан Груев“ ќе бил универзитет за национална безбедност, мир и за уште нешто, заборавив да запишам.

Уф, јеботе, си реков, јака работа.

На државата која на уставотворните колена можат да ја клекнат два автобуса бунтовници, на државата чија армија се тресе од студ затоа што војската нема пари за парно, плус ја хранат со стари паштети, во државата со една карикатура во улогата на претседател и врховен командант, во државата окупирана од сопствената власт и така натаму, само уште универзитет за безбедност ѝ фали за да биде безбедна. И за мир, за да може да ги санира последиците од Диво насеље, да речеме.

Потемкинизацијата пред урнатините продолжува: имаме национална арена, но немаме фудбалска репрезентација, односно имаме група играчи кои го подобруваат салдото на противниците, имаме барокни згради на институциите испразнети од општата суштина, имаме театар за политички митинзи, имаме Триумфекална капија за сите наши порази...

Па уште слушам дека и СДСМ во принцип не бил против, само да се внимавало на судбината на постојните безвезни институции од тој тип.

Место да се заложи Дамјанчо пијаницата да не се прави, а постојните да се укинат веднаш.

Тоа е драги мои, четирите свети букви ако не ве осветлат во глупоста - нема никој!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња